На подрачјето на скопско Арачиново, денеска во периодот од 05.00 до 08.30 часот од страна на Оперативниот тим потраги во содејство со припадници на Одделот за специјални полициски операции-ОСПО и полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишен е од слобода Н.Р.(49) од село Арачиново.
Од МВР информираа дека за него била распишана централна потерница согласно наредба од Основен Кривичен суд -Скопје, со која се барал за издржување на казна затвор во времетраење од година и половина, во врска член 396 од Кривичниот законик, за неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи. Лицето е приведено во полициска станица и ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на затворската казна.
– Во 06.30 часот полициски службеници извршиле проверка во куќа во с.Горно Мојанци, сопственост на Џ.О., во која престојувал Ф.О.(40) од с.Арачиново, при што бил пронајден пиштол. Пиштолот е одземен за понатамошна постапка, по лицето се трага, а по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од МВР.