19.9 C
Ohrid
сабота, јуни 28, 2025
ПочетнаЗабаваКатарски бизнисмен за Ивана Кнол: Не ја сликаат оти е убава, туку...

Катарски бизнисмен за Ивана Кнол: Не ја сликаат оти е убава, туку за да ја пријават

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На социјалните мрежи се рашири фотографија на која шеици ја фотографираат Ивана Кнол со своите мобилни телефони. Сите ја забележаа задоволната насмевка на човекот кој посегна по мобилниот телефон. Сепак, малку поинакво објаснување за овој потег беше објавено на Twitter.

<

Истакнатиот катарски бизнисмен Мохамед Хасан Ал Џефаири смета дека мажот на трибините ја фотографирал Кнол затоа што не му се допаднало како е облечена.

„За да дознаете, не ја фотографираа затоа што им е убава, туку затоа што не им се допадна како е облечена, што е неприфатливо за нашата култура. Секој локален жител може да ви го каже тоа. Тие веројатно сакаат да ја пријават“, напиша тој.
Со него се сложија голем број негови следбеници, но неколку од нив застанаа во одбрана на Ивана и напишаа дека од изразите на нивните лица се гледа дека Кнол воопшто не им пречела.

Најпознатата хрватска навивачка Ивана Кнол деновиве привлекува внимание на трибините на стадионот во Доха. Навивачката на „огнените“ деновите ги минува во Катар за да ја бодри хрватската репрезентација, а за кратко време стана толку популарна што за неа се пишуваше дури и во светските медиуми.

Инаку, Ивана е една од најатрактивните фудбалски навивачки на денешницата, а британски The Sun, американски New York Post и австриски Heute се само дел од светските медиуми кои напишаа текст за нејзиното присуство на првенството.

Извор: Kajgana.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...

Стружани сами си го поправија дрвениот мост на реката Црн Дрим.

Чекаа реакција од градоначалникот, но залудно – па стружани решија работата да ја превземат во свои раце. Еден од дрвените мостови на шеталиштето покрај...

Таравари: Сегашниот ќе биде и иден градоначалник на Гостивар

Валбон Лимани, актуелниот вршител на должноста вд градоначалник на општина Гостивар, ќе биде кандидат за уште еден мандат, соопштти Арбен Таравари, синоќа на граѓанскиот...

Страшна сообраќајка кај селото Извор-Кичево: Судир помеѓу мерцедес со странски таблички и опел астра со охридски ознаки !!!

На Страшна сообраќајка кај Подмоље: Судир На магистралниот пат А2, во близина на кичевското село Извор- Подмоље, денеска се случи тешка сообраќајна незгода во која учествувале...