15.9 C
Ohrid
четврток, јули 31, 2025
ПочетнаМакедонијаВладина делегација го одбележа 8-ми Декември со положување цвеќе на споменикот на...

Владина делегација го одбележа 8-ми Декември со положување цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Владина делегација составена од Агим Нухиу заменик министер за правда и Филип Николоски заменик министер за финансии, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски“, положи свежо цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име…

<

Владина делегација составена од Агим Нухиу заменик министер за правда и Филип Николоски заменик министер за финансии, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски“, положи свежо цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име.

Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост.

Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски“. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трајно одземање на возилата за пијани и дрогирани возачи кои дивеат низ улиците

Законот за безбедност во сообраќајот, Законот за прекршоци и Кривичниот законик, на најнеодговорните учесници во сообраќајот – како што се лицата кои возат без...

Три лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово-Скопје.

Попладнево ококу 16 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на автопатот од Тетово кон Скопје во која животите ги загубија три лица. Според првичните информации...

Мицкоски: Подобри сме од многу земји во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот

Македонија во однос на минималата плата споредена со трошоците на живот е подобра од Португалија, Грција, Црна Гора, Кипар, Малта, Албанија, Србија, Унгарија, Чешка,...

Со име и презиме: Претседателката донесе одлука за помилување осуденици по повод празникот Илинден.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за помилување на осудени лица по повод 2 Август – Илинден, националниот празник на Македонија, објави 4NEWS.mk Со одлуката,...