12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаМерцедесот со флешери со кое дивеел малиот Буши, бил во сопственост на...

Мерцедесот со флешери со кое дивеел малиот Буши, бил во сопственост на заменик министерот пред да биде продаден на битолска фирма

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција на која говореше пратеникот Зоран Коцевски, побара одговорност и оставки од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и од неговиот заменик Назим Буши, поради дивеењето на синот на заменик министерот со возило со флешери, кое не смее да остане неказнето.

<

„Црниот мерцедес со флешери со кое Керим Буши на 26 ноември дивеел низ Скопје е возило кое било во сопственост на Назим Буши, а потоа предадено на битолска фирма. МВР сето тоа го знае, доволно е само да се погледне историјатот на промени на сопственост. МВР само требаше да одговори дали црниот мерцедес е купен од Телеком за Назим Буши, а потоа продаден на самиот Буши, за истиот да го предаде на битолска фирма. Но МВР молчи“, нагласи Коцевски.

Ако немаше случај, немаше да биде казнет заменик началникот на СВР Скопје кој интервенирал возилото и лицето да бидат пуштени, со објаснување дека се работи за познат човек.

„А кој е тој познат човек, во возилото претходна сопственост на Назим Буши, сега во посед на битолска фирма сопственост на негови роднини, ако не е неговиот син, Керим Буши? Оливер Спасовски и Назим Буши не смее да го заташкуваат целиот инцидент. Политичка одговорност мора да има“, рече Коцевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...