14.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаСтефан Влахов Мицов: Во Македонија живее најглупата македонска генерација...

Стефан Влахов Мицов: Во Македонија живее најглупата македонска генерација…

spot_imgspot_img
Стефан Влахов Мицов: Во Македонија живее најглупата македонска генерација во последните три милениуми…
Не случајно пред скоро пет децении поетот Ацо Шопов напиша: Македонија е судбината на светот, светот е судбината на Македонија. Ако денес живееме во најглупавиот свет, во Македонија пак живее најглупата македонска генерација во последните три милениуми. Нашиот ментален идиотизам и зомбираност се безгранични: На сите нивоа, во сите институции. Како во останатиот свет, така и кај нас, исклучоците на нормално мислење се сосема малку, пишува историчарот и политички аналитичар, Стефан Влахов Мицов.
Денес сите, вели тој, од првиот до последниот на поранешната македонска територија (одамна не сме македонска држава, а веќе не сме и македонска територија), дејствуваме не како народ, туку како збирштина со кратка меморија, живееме со прилагодување ден да помине. Тоа е филозофија не на борци и победници, туку на пирејот: Да опстанеме. Е, зошто да опстанеме како пиреј? За да не користат сите, да не истребуваат и да се потсмеват со нас? Да го е*ам таквиот живот и таквото опстојување!
Според Мицов, нашата меморија трае не илјадалетија, не столетија, не децении, туку само еден изборен циклус. Веќе и уште помалку. Ја заборавивме историјата, традициите, се трансформиравме во питачи на Европа: за секакви донации, вакцини и слично.
Зошто во времето на Југославија ниту Бугарија, ниту Грција го оспоруваа македонскиот идентитет и јазик и потпишуваа договори на македонски јазик без уставни додавки, прашува тој и одговара:
Политички кретени, затоа што бевме во три различни блока: Бугарија во Варшавскиот пакт и Советот за економнска помош, Грција во НАТО и во ЕУ, Југославија ( и Македонија ) во Движењето на неврзаните.
Заклучокот е дека не смееме да бидеме во ист блок или сојуз со нашите непријатели, кои ќе бидат македонски непријатели додека ги снема. Што тогаш бареме во НАТО и што сакаме во ЕУ, говеда несмасни, вели Мицов.
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...

Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец

Насловна / Македонија Објавено на: April 26, 2024 Разбојникот кој ограби казино со автоматска пушка е полицаец! Разбојникот од Непроштено кој со автомат ограби казино во тетовското село Лешок бил...

Поплава во Токсикологија, водата пробила на три ката, а болницата не е осигурана

Изминатата ноќ пукнало парното на Клиниката за токсикологија на Клинички центар и вода избивала од радијатор час и половина, после што поплавени биле простории...

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи даде поддршка за професорката Давкова.

Дебрца е меѓу првите општини во Македонија која по бројот на излезени гласачи со 57,08% даде поддршка за професорката Давкова. Пред Дебрца со процент на...