27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаШтипската болница за две и пол години ја напуштиле 70 вработени, од...

Штипската болница за две и пол години ја напуштиле 70 вработени, од кои 20 се доктори !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Штипската клиничка болница изминативе 2,5 години си заминаа 70 вработени, а со отворањето на нови приватни здравствени установи и ординации, по Нова година ќе се соочи со нов одлив на медицински кадар. Нови вработувања нема од февруари оваа година.

<

„Дел од вработените во гинекологија, анестезиологија, лаборанти и медицински сестри од хирургија и други одделенија, како што се најавува, наскоро ќе си заминат од болницата, па затоа ќе мора да бараме начини брзо да ги пополниме испразнетите работни места, за да не трпат пациентите“, вели директорот Ален Георгијев.

По сите основи, заминување во странство или во приватни ординации, пензионирање итн, Штипската клиничка болница за 2,5 години ја напуштиле 70 вработени, од кои 20 се доктори, а останатите се медицински сестри, технички, хигиенски кадар и административци, па сега болницата од 550 вработени се сведе на 470 лица.

Според раководството, се работи за проверен, стручен и добро обучен кадар што бил создаван со години. По цена и на пенали и враќање на плата имало дури обиди за заминување и од завршените специјализанти, иако со потпишаните договори се обврзани да останат на работа во Клиничката болница двојно повеќе од времето поминато на специјализација.

Клиничката болница во Штип моментно има 22 специјализанти од кои дел од нив ќе завршат во текот на наредната година. Најмногу специјализации има за анестезиологија, од чие одделение се очекува најголем одлив, потоа по две специјализации за гастроенерохепаталогија, инфектологија и оториноларингологија и по еден за кожно одделение и одделенијата за пулмологија, нефрологија, кардиологија, урологија, ортопедија и пластична хирургија.

Т. ЈОВАНОВСКИ Sdk.Mk

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...