26.9 C
Ohrid
вторник, јуни 10, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани: Му кажав на Спасовски дека џабе се јавуваме во НАТО -...

Османи: Му кажав на Спасовски дека џабе се јавуваме во НАТО – во Црна Гора се учи оналјн поради бомбите

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Државата е стабилна, нема ризик од некаква дестабилизација, но сме внимателни кон намерата на овие хибридни напади кои имаат за цел да создадат немир и недоверба меѓу граѓаните, а потоа да се надоврзат евентуално и политички партии и други прашања. Останува МВР да се координира со партнерските служби во регионот и да побара помош за да се откријат сторителите кои очигледно не се во Македонија, изјави денеска на редовниот брифинг со новинарите министерот за надворешни работи Бујар Османи.

<

Османи, одговарајќи на новинарско прашање, рече дека имајќи предвид дека и во друга членка на НАТО има дојави за бомби Црна Гора, дека ова можеби не е некоја игра на тинејџери, побарана е помош од НАТО. Одговорот од НАТО, вели министерот, е дека се информирани и дека прават анализи за тоа што точно се случува.

– Ние бевме во комуникација со МВР во смисла како да пристапиме во однос на барање на поддршка и ние на МВР им кажавме дека НАТО не е адресата за конкретно ова прашање, затоа што ова бара полициска истрага со цел да се најдат сторителите. НАТО нема такви механизми, рече Османи.

Османи појасни дека НАТО дава поддршка повеќе за дијагностицирање на слабостите на системот предлагајќи среднорочни и долгорочни планови како да системот ви стане поотпорен на хибридни закани и напади но нема мисија којашто би направила истрага и форензика.

– Меѓутоа проценивме дека поради фактот дека ова очигледно ги надминува нашите граници. Јас тоа го потврдив за време на мојата посета во Подгорица кога на прес-конференцијата со премиерот, кој истовремено е и министер за надворешни работи доминираа истите прашања што ни ги поставувате ние на нас. Зошто има толку дојави за бомби во школите во Црна Гора и тие решиле дури да преминат на онлајн заради голем број на дојави и немаат капацитет да ги проверат сите. Тоа веќе ни даде сигнал дека ова не е некоја игра на тинејџери, ова мора да е нешто, има регионален контекст бидејќи се две земји – членки на НАТО, очигледно мора да е нешто сериозно, појасни Османи.

Поради тоа, вели тој, ги информиравме НАТО дека треба да ја свртиме леќата и кон еден таков аспект на анализа дали ова е ова регионален напад на членки на НАТО и од каде доаѓаат и што е целта. Меѓутоа, потенцира министерот за надворешни работи, точната адреса се билатералните комуникации со партнерските служби кои МВР ги прави а ние даваме поддршка.

Повиците од Германија до своите државјани да бидат внимателни во Северна Македонија поради дојавите за бомби, според него, се легитимни. Вчера имавме дојави за бомби во хотел, и ние ќе постапивме исто, вели министерот

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Еден полицаец во фармерки, друг во работничко одело, трет со палто од татко му: Тошковски најави голема набавка на нови полициски униформи

По осумгодишен застој во обновувањето на службената опрема, Министерството за внатрешни работи најави дека до крајот на годината поголемиот дел од униформираните полициски службеници...

24 годишна охриѓанка била пронајдена мртва во казино во Скопје, каде што работела !!!

На 09.06.2025 околу 19.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во казино во хотел на подрачјето на Центар во Скопје била пронајдена почината...

Мицкоски за Арсим Идризи: Ако уште еднаш му се повтори да не зборува македонски, ќе го разрешам.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите истакна дека ќе го разреши директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, Арсим Идризи. Според Мицкоски, тоа...

Заврши учебната година, министерката на учениците им порача да читаат лектири летово

Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, денес им упати честитки на сите основци и средношколци што ја завршуваат учебната година, со...