15.5 C
Ohrid
недела, август 3, 2025
ПочетнаМакедонијаФинците, Турците, Унгарците биле од жолтата раса - Нови грешки во македонските...

Финците, Турците, Унгарците биле од жолтата раса – Нови грешки во македонските учебници

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Финците, Унгарците, Турците… се народи од жолта раса во Европа…

<

Продолжуваат да излегуваат на виделина грешките и небулозите во новоотпечатените учебници. По скандазните содржини во учебникот по Историја и општество за петто одделение, осмооделенците по Географија ќе учат дека Финците се иста раса како и Кинезите.

Ова е наведено во втората тема „Социо-географски карактеристики и регионална поделба на Европа“ во лекцијата „Основни карактеристики на населението во Европа. Учебникот по Географија е од 2020 година од авторите д-р Коле Павлов и проф. д-р Горѓи Павловски.

Прашавме во образование што ќе превземе министерството за пропустите и во овој учебник, но не добивме одговор.

Во меѓувреме по катастрофалните грешки дека Македонија на Исток се граничи со Албанија, а на запад со Бугарија, како и зголемувањето на висината на највисокиот врв во Европа Монт Еверест за 20.000 метри, Здружението на Историчари контатираше уште голем број недостатоци во Историја и општество за 5-то и најавија детална критичка анализа за овој учебник која во најскоро време ќе ја достават до МОН.

Авторките за дел од грешките преку социјалните мрежи се оградија дека биле технички.

Министерот за образование пак најави дека до почетокот на второто полугодие ќе се најде решение за спорниот учебник, ако се утврди дека има помалку од 30 проценти грешки ќе се корегираат и вратат во употреба, а ако се повеќе ќе биде повлечен.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицајците во Македонија ќе возат „Пежо 408- МВР купува 120 автомобили

Министерството за внатрешни работи избрало најповолна понуда за набавката на 120 возила за потребите на полицијата, објави порталот 360 степени.. Известувањето е објавено на интернет-страницата...

Ангелов: Почитувани граѓани! Сејфти фрст и честит Илинден!

Поранешниот директор на ЦУК, Стојанче Ангелов, со својата карактеристична искреност и хумор, денес ја честиташе Илинденската слава на народот со зборовите: „Сејфти фрст и честит...

„Ворлд’с њуз“ од Сиднеј, во 1903: Грците, Србите, Бугарите, па и Ерменците се должници на Македонците

Во секоја војна за слобода што го означила напредокот на еманципацијата во југоисточна Европа, Македонците учествувале. Македонците се бореле рамо до рамо со Грците...

Градоначалникот Пецаков на литургија за Св. Илија во Велгошти: Нека е за многу години!

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денес присуствуваше на утринската литургија по повод големиот христијански празник Св. Илија, во црквата „Св. Илија“ во Велгошти. „Нека е...