13.5 C
Ohrid
недела, мај 12, 2024
ПочетнаМакедонијаТетовци изразија поддршка за Вучевски, сметаат дека не постои лекарска грешка при...

Тетовци изразија поддршка за Вучевски, сметаат дека не постои лекарска грешка при пожарот во модуларната болница

Жители на Тетово се собраа пред зградата на Основен суд во знак на поддршка на лекарот Бобан Вучевски, еден од обвинетите за пожарот во тетовската модуларната болница во кој животите ги загубија 14 луѓе во септември 2021 година. Граѓаните се собраа пред денешното продолжување на судскиот процес кој започна на 7 декември.

Дел од насобраните граѓани во изјави за медиумите истакнаа дека дошле да му дадат поддршка на лекарот, сметајќи дека неправедно е обвинет. Според граѓаните, за пожарот не постои лекарска вина и нема логика лекар да одговара за пожар.

 

– Јас не сум да се амнестираат виновници, но вистинските виновници не се кријат овде денеска во судот, тие треба да се најдат таму каде што се. Да се работи за лекарска грешка, во ред, тука не се работи за лекарска грешка, за техничка грешка се работи, за која треба да одговора некој друг, а тој друг се знае кој е, тоа се авторите на овие објекти што ги градат низ Македонија – изјави жител на Тетово.

Друг жител за лекарот сподели дека за време на кризата тој го дал својот максимум и покажал како треба еден лекар да изгледа, човек кој се грижи за граѓаните.

– Обвинителството да размисли за своите предлози – изјави тој.

Жителка на Тетово посочи дека се собрани за поддршка на лекарот Вучевски, кој, како што рече „беше 24 часа достапен за време на ковид-кризата“.

За пожарот во модуларната болница покрај лекарот Вучевски обвинети се двајцата тогашни директори Флорин Бесими и Артан Етеми и Клиничка болница како правно лице.

Нова Македонија

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот на слобода

Укината е пресудата изречена за двацата поранешни директори на Клиничкиот центар во Тетово, Артан Етеми и Флорин Бесими кои добија условни казни затвор, а...

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство

Ковачевски заминува, СДСМ во јуни ќе бира претседател и раководство. Изборите во кои доживеаја катастрофален пораз, причина социјалдемократите да заминат на брзи внатрепартиски избори....

Во Струмица се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка

Во Струмица денеска се одржа свечена литија со иконата на Пресвета Богородица Брзопослушничка, која на Градскиот плоштад беше донесена од храмот „Свети Григориј Палама...

Стево ми ѕвонел, ама телефонот сум го оставила дома

Немав многу време да го следам говорот на господинот Стево Пендаровски, но фатив неколку инсерти. Рекол дека ми ѕвонел на телефон за да ми...