16.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаСветВо оваа земја од ЕУ лебот чини 52 пати поскапо од просекот

Во оваа земја од ЕУ лебот чини 52 пати поскапо од просекот

Цената на лебот и житарките во земјите од Европската унија значително се разликувале во 2018-та година. Па така цената на лебот и житарките во најскапите држави членки на ЕУ била трипати поголема отколку во најевтината држава.

Кога цените во земјите ќе се споредат со индексот на просечните цени во Европската унија кој во целина изнесува 100, резултатите покажуваат дека во 2018-та година цената на лебот и житарките била највисока во Данска со индекс на ниво на цена 152, што значи дека во Данска лебот бил поскап за 52 отсто од просечната цена на лебот во ЕУ.

По Данска следи Австрија со индекс од 135, потоа Луксембург и Финска со индекс на ниво на цена од 127.

Цените на лебот и житарките во 2018-та годна најниски биле во Романија со индекс од 54, а потоа во Бугарија со индекс од 62 и Полска со индекс од 68.

Во истражувањето биле опфатени цени од различни категории на производи. Доколку се набљудуваат производи и услуги со голема потрошувачка како што се храна и безалкохолни пијалоци, облека и обувки, највисоки цени се забележани во Данска и тоа со 38 отсто над просекот.

Најниска цена во земјите од ЕУ е забележана во Бугарија, поточно 49 отсто под просекот.

Што се однесува до регионот за Хрватска ова истражување покажало дека цените на производите и услугите се за 47 отсто поевтини од просечните цени на истите производи во ЕУ.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...

Дебакл на градоначалничката на Скопје во ИЕ1 – освои 1.571 глас

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска која е претседателска на партијата Нова Алтернатива на вчерашните парламентарни избори освои вкупно 3.438 гласови, премалку за...

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално...

Доктор Арбен Таравари му го врати ефридолот на Артан Груби

На прославата на ВРЕДИ (ВЛЕН) во Тетово, Арбен Таравари се појави со Ефридол пред толпата, и му го врати на Артан Груби. Оваа битка започна...