19.9 C
Ohrid
четврток, мај 9, 2024
ПочетнаМакедонијаОМД Го Осудува Иземањето на „Денес над Македонија“ од Школските Учебници

ОМД Го Осудува Иземањето на „Денес над Македонија“ од Школските Учебници

Oбединета Македонска Дијаспора (ОМД) ја осудува владината одлука за вадење на македонската химна од школските учебници по основно образование. Химната е значаен столб на државноста, и изучувањето на државната химна во основните училишта суштински ги обединува младите генерации, без разлика од нивната етничка припадност. Интонација и изучување на државната химна е обележје на повеќето демократски држави во Европа и светот, каде особен акцент е ставен на обединување на сите граѓани зад заедничкиот идентитет и лојалност кон државата во која што живеат. Особено загрижувачки е фактот што одлуката за иземање на химната беше донесена после мнозина надворешени притисоци кои ја доведуваат во прашање сувереноста на Македонија. Јавен притисок врз македонските власти вршеа поддржувачите на Тиранската платформа, кои директно побараа промена на химната во 2017, како и Грција и Бугарија, кои повикаа на иземање на македонскиот идентитет од државните обележја, вклучувајќи ја и химната.
Вклучително, нејзиното иземање од школските учебници е втор скандал поврзан со химната. Неодамна, за време на изведбата на „Денес над Македонија“ во Амбасадата на САД по повод 4ти Јули, Тамара Тодевска намерно или ненамерно изостави значителни делови од химната. Овие постапки поттикнуваат сомненија дека прво погрешната интонација, а второ иземањето на химната од школските учебници, се насочени напори кон менување на државните симболи и комплетно поткопување на македонскиот идентитет.
ОМД е загрижена поради овие одлуки кои го поткопуваат македонскиот патриотизам, и очекува враќање на химната во школските учебници во најкратко можно време.
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Маричиќ по поразот на СДСМ: Оставаме во наследство подобра држава

Македонските гласачи синоќа избраа претседателка на државата и 120 пратеници во законодавниот дом. Им честитам на победниците за успехот, а на граѓаните и на...

БОЈАН МАРИЧИЌ НЕ УСПЕА ДА СТАНЕ ПРАТЕНИК, ВО ПРВАТА ИЗБОРНАТА ЕДИНИЦА

Во Град Скопје, односно во сите скопски општини, СДСМ на вчерашните парламентарни избори освои 35.847 гласови, а ВМРО-ДПМНЕ 123.974. На локалните избори во 2021...

Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата.

По Фатмир Битиќи, и потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам...

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, поднесе оставка

Претседателката на ДОМ Маја Морачанин вечерва на Фејсбук соопшти дека поднесува оставка од оваа фукција во партијата, по поразот на нивната коалиција предводена од...