30.9 C
Ohrid
понеделник, јули 21, 2025
ПочетнаМакедонијаПО ГРОЗОМОРНИОТ НАСТАН ВО СКОПСКИ КАРПОШ Ќерката што ја задави мајка си...

ПО ГРОЗОМОРНИОТ НАСТАН ВО СКОПСКИ КАРПОШ Ќерката што ја задави мајка си доби обвинение за кривично дело со максимална казна доживотен затвор

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 46 годишна жена која ја задави мајка си во скопски Карпош, за сторено кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За ова кривично дело законот предвидува казна од 10 години до доживотен затвор.

<

Според она што го кажала обвинетата, мотивот за убиството е меѓусебна расправија поради финансиски средства.

Обвинетата по расправија ноќта меѓу 1 и 2 август, при вршење семејно насилство, со насилно задушување ја лишила од живот сопствената 74-годишна мајка.

Од ЈО информираат дека, поради постоење околности кои го оправдуваат стравот дека обвинетата ќе се даде во бегство или дека ќе влијае врз сведоци и ќе се обиде да ги уништи трагите од кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и посебен предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Бујар Османи е кандидат на ДУИ за градоначалник во Чаир

Поранешниот министер за надворешни работи и портпарол на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Бујар Османи, ќе биде кандидат за градоначалник на скопската општина Чаир,...

Ресорт Бате Боле слави 1 година постоење со голема роденденска забава

Првиот роденден на Resort Bate Bole е повод за голема прослава — и вие сте поканети! На 26 јули, со почеток во 21:00 часот, ве...

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје

Бебе се роди во амбулантно возило на пат кон болница во Скопје Во раните утрински часови, на пат кон скопска болница, во амбулантно возило се...

Српски државјанин од Пожаревац е лицето што почина кај хотелски комплекс во Охрид

Денеска е идентификувано лицето чијашто смрт беше пријавена на 20 јули во близина на хотелски комплекс на охридското крајбрежје. Станува збор за лице на...