21.9 C
Ohrid
сабота, септември 13, 2025
ПочетнаСвет3-годишно дете загина во Бугарија – Роднините тврдат еден од лекарите бил...

3-годишно дете загина во Бугарија – Роднините тврдат еден од лекарите бил пијан

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Страшна несреќа се случила вчера во Бугарија. Автомобил се превртел во провалија откако се излизгал на коловозот кај Враца – Криводол.

<

Според информациите, возачот возел со брзина од над 100 км/ч, но не користел алкохол или дрога.

Во несреќата загинало 3 годишно дете, за кое треба да се докаже каде загинало – на лице место или во брзата помош.

Сведок на инцидентот пријавил во 112, а потоа биле повикани и роднините, кои се децидни дека брзата помош доцнела, а еден од лекарите бил пијан.

Бисер Јорданов, дедото на починатото момче, на местото на настанот ја затекнал полицијата и противпожарната служба. Ги прашал каде е детето и му кажале дека е под колата. Тој тврди дека сам го извлекол, а двајца полицајци му помогнале да го подигне автомобилот.

Потоа мажот потоа ја извадил снаата и ја предал на еден од пожарникарите кои ка ставиле на носилки во противпожарната служба, а во тоа време сè уште немало амбулантни возила.

Капка Станева, бабата на детето, возела по првата брза помош која го однела детето во Ургентниот центар. Таа е децидна дека докторот во брзата помош бил пијан. Таа исто така тврди дека долго време неговите блиски не добивале информации каде е момчето и каква е неговата состојба.

Од друга страна пак, алкотестот на еден од лекарите кој со возило на брза помош одговорил на пријавата за сообраќајна несреќа, бил позитивен.

Директорката на Ургентниот центар во Враца, д-р Галина Лештанска, утрово пред бТВ беше категорична дека итните возила реагирале брзо – за 5 минути, а пијаниот лекар не консумирал алкохол.

Таа нагласи и дека на повикот се одзвала вечерната екипа која е на смена од 19 часот и 30 минути, но лекарите традиционално порано доаѓале на работа.

Според д-р Лештарска, докторката, која наводно била пијана, одбила да даде алкотест со образложение дека и се кршат правата.

„Оваа колешка е крајно совесна. Со сопствен автомобил дошла порано“, изјави директорот на Ургентниот центар. Лекарите тврдат дека 3-годишното момче починало на местото на несреќата.

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...

МВР ќе обезбеди мирни и безбедносни избори.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска од Струга порача дека МВР веќе презема мерки за обезбедување мирен и безбеден изборен процес во пресрет...

Македонците пак заминуваат- Aвтобус полн работници на пат за гроздобер во Италија и Швајцарија

Денес уште еден автобус полн со наши луѓе заминува на гроздобер во Швајцарија и Италија. Овој автобус не е само превоз – тој е...

Ѓорѓиевска: Ретко носам штикли, во патики и постојано на терен со граѓаните

Ретко носам штикли, секогаш сум во патики и постојано на терен со граѓаните“, вака ја опиша Ивана Ѓорѓиевска својата досегашна улога на претседател на...