28.9 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаОсмани се сретна со Зеленски, бил импресиониран од тоа како Зеленски го...

Османи се сретна со Зеленски, бил импресиониран од тоа како Зеленски го брани својот народ.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во рамки на посетата на Киев, министерот за надворешни работи Бујар Османи како претседавач на ОБСЕ денеска оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски на која изразил поддршка за украинската Влада, акцентирајќи дека ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и напорите за враќање на мирот и стабилизација на регионот.

<

– Импресивна е пожртвуваноста и посветеноста на претседателот Зеленски во заштита на украинскиот народ и храброста во соочувањето со предизвиците и последиците од агресијата на Руската Федерација врз Украина. Ја повикувам Русија веднаш да стави крај на агресијата. ОБСЕ го поддржува украинскиот народ и ќе продолжи одблизу да ја набљудува состојбата. Неопходна е оваа поддршка на украинските напори да се врати мирот и да изгради стабилна иднина за нејзините граѓани, рекол Османи на средбата.

Османи порачал дека ОБСЕ ги има механизмите и капацитетот да им помогне на луѓето од конфликтните подрачја преку работа на терен.

Еден од првите чекори треба да биде итното враќање на теренска мисија на ОБСЕ во Украина. Мисијата ќе направи голема разлика на терен за обезбедување на стабилност, безбедност и почитувањето човековите права за секој граѓанин, вели Османи.

Посетата на Османи на Украина е во рамки на реализацијата на еден од главните приоритети на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ во 2023 година, во кое фокус се става кон луѓето на терен кои се најпогодени од воената агресија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...