16.8 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаОва не сте го знаеле: Бугарија ја спасила Украина на почетокот на...

Ова не сте го знаеле: Бугарија ја спасила Украина на почетокот на војната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од почетокот на рускиот напад на Украина Бугарија тајно го снабдува Киев со оружје и дизел преку неофицијални канали и преку приватни компании и посредници, независно противењето на Владата во Софија, пишува германскиот весник „Велт“.

<

Според тврдењата на весникот, поранешниот премиер на Бугарија, Кирил Петков, минатата година водел тајна операција за снабдување на Украина „зад грбот“ на неговите социјалистички коалициски партнери, кои биле против воената помош за Украина.

Проценуваме дека во раните фази на војната, околу една третина од муницијата потребна на украинската армија доаѓаше од Бугарија“, вели Петков, истакнувајќи дека приватната бугарска воена индустрија „произведува со полна пареа“.

Асен Василев, поранешен министер за финансии на Бугарија образован на Харвард како и Петков, тврди дека Бугарија станала еден од најголемите извозници на дизел во Украина и оти на моменти покривала 40 отсто од потребите на Украина.

Муницијата и дизелот не оделе директно во Украина, туку преку компании посредници од Бугарија и од странство, а биле транспортирани по воздушен и копнен пат преку Романија, Унгарија и Полска. За испораките бугарска муниција вредна околу две милијарди евра платиле САД и Велика Британија.

Петков и Василев, наводно, одиграле важна улога кога станува збор за воведувањето санкции на ЕУ и промовирале бескомпромисен однос кон Русија.

До крајот на минатата година Бугарија беше стопроцентно зависна од руските испораки и затоа не учествуваше во нафтено ембарго на ЕУ, а на 27 април минатата година „Газпром“ ги откажа испораката на гас за Бугарија како прва земја во ЕУ.

Според „Велт“, премиерот Петков го решил проблемот во рок од 24 часа и организирал два танкери со течен гас од САД – по иста цена за кубен метар колку што наплаќал и „Газпром“.

Извор: А1он

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Со песни, пријатели и насмевки: „Бате Боле“ одбележа прва година Постоење

Денес „Ресорт Бате Боле“ одбележа една година од своето постоење – година исполнета со спомени, дружења и убави моменти. Атмосферата беше навистина свечена: полна...

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...