6.5 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаOсмани: Ќе донесеме обвинител Бугарин кој ќе го следи говорот на омраза...

Oсмани: Ќе донесеме обвинител Бугарин кој ќе го следи говорот на омраза кон Бугарите во земјава”.

Посебен обвинител за говор на омраза, прашање на кое ќе се фокусира и посебна канцеларија при Народниот правобранител и претставник на бугарската заедница во Македонија во Министеството за политички систем и односи меѓу заедниците. Ова се дел од мерките што ќе се преземат во земјава за запирање на провокациите, говорот на омраза, како и на насилствата што произлегуваат од нив, најави шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи во интервју за бугарската БТВ.

„Бугарската заедница во Северна Македонија е во период на консолидација и на интегрирање во општеството. Со оглед на фактот дека и јас потекнувам од малцинска група, која на почетокот, исто така, имаше проблеми со обединување и интеграција, се чувствувам најсилно повикан да ја советувам бугарската заедница дека треба внимателно да го направи овој процес, без да предизвика негативни чувства кај останатите, да покаже дека нема злонамерност во иницијативите кои ги покренува. Ние ја охрабруваме бугарската заедница да се обедини во клубови, да отвори повеќе клубови“, одговори Османи на едно од прашањата.

Воедно, тој нагласи оти треба да се разберат и Македонците. кога се чувствуваат навредени од имињата на бугарските клубови. Затоа Османи порача дека бугарските клубови во земјава треба да си ги сменат имиња, како што наложуваат усвоените измени на законот за здруженија и фондации.

„Така вели законот. Ќе бидам доследен – јас лично имав дилеми околу ретроактивноста на одредени делови од законот. Но, одлуката на Собранието е таква што имињата не треба да се поврзуваат со периоди како што е фашистичкиот период од Втората светска војна, кои ги повредуваат чувствата на граѓаните. И клубовите ќе мора да го направат тоа. Следната недела планирам да ги поканам бугарските здруженија на собир, каде што ќе направиме план како да овозможиме бугарската заедница да ја декларира својата припадност, нејзиниот идентитет и културна припадност, да се интегрира во општеството. Имам искуство, имам волја и државата има волја да ѝ помогне на бугарската заедница да се интегрира“, истакна Османи.

Османи вчера престојуваше во Софија, каде со својот домаќин, в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, меѓу другото, го посетија и Христијан Пендиков, претепаниот генерален секретар на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, кој со воено-транспортен авион „Фалкон“ беше превезен на лекување во бугарската престолнина.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...