21.9 C
Ohrid
недела, јуни 8, 2025
ПочетнаМакедонијаТие што ја направија тепачката во Охрид, не сакаат Северна Македонија да...

Тие што ја направија тепачката во Охрид, не сакаат Северна Македонија да ја видат во ЕУ, кажа Ковачевски.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски смета дека тепачката во Охрид во која е повреден секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ е направена со цел да се застане на патот на Македонија кон Европската унија. Инцидентот Ковачевски го оцени како „класична дистракција, на еден перфиден начин да се одвлече вниманието од нашата европска иднина“ и вели дека тој тоа нема да го дозволи, бидејќи местото на земјава е во европската заедница.

<

„Тие кои ги иницирале настаните не сакаат да ја видат Македонија во ЕУ. Јасно ми е дека има тензија и дека има многу прашања на оваа тема. Мора да останеме мирни и разумни, но не треба да бидеме наивни. Јас летово не седев и не преговарав во Брисел со 27 земји членки на ЕУ со едно горко чувство какво што делеа и нашите граѓаните, за сега да стоиме тука и да гледаме како бесмилосно направено насилство влијае врз сето она што е сработено и практично ја киднапира нашата меѓународна и европска иднина. Да бидам многу јасен, јас тоа нема да го дозволам, нема да дозволам да се одвоиме од европскиот пат и затоа ќе инсистирам овој проблем да се реши најбрзо од надлежните органи“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарски прашања при денешната посета на компанијата „Метро“.

Ковачевски рече дека членови и симпатизери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ се споменуваат дека се поврзани со настаните кои се случија минатиот викенд во Охрид, но и со настаните претходно.

„Затоа, велам дека преку вакви активности нашата опозиција наликува на продолжена рака на Левица. Постојат два концепта, едниот е за европска Македонија, а вториот е бесмилосен национализам којшто замина од оваа држава заедно со нивниот вистински лидер“, кажа Ковачевски.

СДК.МК

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Фудбалерите на Србија и Албанија одиграа 0:0 во Тирана во квалификацискиот натпревар за Светското првенство. Натпреварот беше обележан со ужасното однесување на албанските хулигани кои...

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија

Наместо да лекува – Бујар Османи на работа гледа фудбал Албанија–Србија Поранешниот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој сега повторно работи како лекар, на...

Не дочека да се израдува на оваа вест: Сопругата на Игор Југ на свет донесе здраво машко дете

Во сенка на голема лична и семејна трагедија, семејството на уставобранителот Игор Југ, кој почина откако беше осуден за настаните од 27 април, доби...

Дрвокрадци уништија возило на шумската полиција

Дрвокрадци со директен судар го уништија службениот Дастер на Шумската Полициска Станица во Прилеп – напиша вечерва на социјалните мрежи заменик директорот на Македонски...