14.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаКавадарци не ги заборава 12-те ваташки младинци: Ќе се гради спомен куќа...

Кавадарци не ги заборава 12-те ваташки младинци: Ќе се гради спомен куќа и бисти за крвнички убиените ваташани!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во Кавадарци ќе се гради спомен куќа во чест на 12-те ваташки деца кои беа крвнички убиени на 16-ти јуни 1943 година во близина на Моклиште. Кавадарци не го заборава колежот кој го извршила бугарската воjска и полициски одреди на чело со капетан Борис Жеглов, поручник Борис Костов и подофицер Петко Опреков под команда на полковник Љубен Апостолов, командант на 56. Велешки пешадиски полк од Петтата бугарска армија.

<

Спомен куќата во чест на убиените младинци, кои беа на возраст од 15 до 27 години, ќе се гради во близина на постоечкиот споменик во Моклиште. Како што појаснува градоначалникот Митко Јанчев, исто така ќе бидат подигнати и бисти на убиените ваташки младинци. Убиството се случило на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон Втори. Младинците биле одведени во селската меана, тепани и обвинувани дека им помагале на партизаните. По измачувањето, полицијата и војската ги однеле во Моклиште. Додека ги воделе на стрелање, им кажувале дека ќе ги фотографираат.

 

Четири девојки, Мара Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева биле сведоци на настанот. Младинците првин биле изрешетани со куршуми, а потоа избодени со бајонети. На родителите не им било дозволено да си ги погребаат децата, и тие биле покриени со земја и гранки.Погребот беше организиран по војната. Проектот беше најавен денес, а покрај спомен куќата, најавена е и изградба на фонтана и постојка во кружен тек Сашко Гешовски, со патерно уредување.-Во годишниот план за јавни набавки предвидени се 92 постапки за јавни набавки, а проценетата вредност за доделување на договор за јавни набавки изнесува околу 3.704.200 евра со ддв, појасни Јанчев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...