20.9 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаАхмети: Кога ќе влеземе во ЕУ ќе ни дојдат и многу инвеститори..

Ахмети: Кога ќе влеземе во ЕУ ќе ни дојдат и многу инвеститори..

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети придружуван од соработници денеска во Тетово ги продолжи средбите со претставници на бизнис секторот, граѓанскиот и образовниот сектор, како и интелектуалци во контекст на активностите под мотото „Заедно за Европа”.

Покрај претседателот Ахмети, говор пред присутните имаше и генералниот секретар на ДУИ Фатон Ахмети, директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Фестим Халили, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини и други.

„За една земја се многу важни два пата, да се тргне по патот на случувањата и политичките процеси, стабилноста и безбедноста, кои многу ги вложивме во почетокот на 2002 до 2010 година. Кои беа параметрите што требаше да се имплементираат за да се има трајна безбедност и стабилност? Тоа беше Охридскиот рамковен договор. Без негова имплементација и довршување сигурно ќе недостигаше безбедноста или ќе беше повредена стабилноста. Се трудевме и работевме напорно, да нема повлекување. Понатаму напредувавме со тоа што бевме дел од решението на спорот со грчкиот сосед , но не во улога на гледачи, туку во насока на изнаоѓање решение бидејќи важни се моментите за создавање кредибилитет во меѓународните центри за пласман, но и кај претприемачите, луѓето кои се занимаваат со економските случувања затоа што нема здрава и стабилна политика без напредна економија. Можеме да правиме многу добри политики, но ако останеме во многу висок сооднос со економските движења, се разбира, сето она што тие го направија е загрозено“, вели Ахмети.

„Се обидовме да го поттикнеме и помогнеме деловното поле, особено локалното. Слободната зона во Тетово за нас беше многу добар чекор, инвестициите продолжуваат и сега кога зборуваме. Четири нови инвестиции се само во годината што ја испративме зад нас и годината што ја почнавме, за да можеме да оствариме средби со сите заинтересирани и оние кои придонесуваат за економијата на државата. Но, за безбедност и стабилност мораше да се затвори проблемот со грчката страна. Решението на овој проблем ја направи земјата членка на НАТО. На средбата што ја имав со претставници на Стопанската комора на северозападна Македонија, тие ми кажаа дека: „Откако Македонија влезе во НАТО, десетици и десетици странски бизнисмени дојдоа да купат локации за изградба на фабрики и хотелски капацитети, а јас бев многу импресиониран бидејќи ми кажаа во бројки. Уставните измени отвораат можност за успешен почеток за отворањето на преговорите и првото поглавје за членство во ЕУ“, посочи првиот човек на ДУИ и додаде:

„И овој ден не е далеку бидејќи во ноември ќе се одржи средбата на двете влади, таа на Европа и нашата земја. Но, уставните измени мора да се направат бидејќи тоа е задолжителен респектабилен договор. Ова ќе се случи за два-три месеци, но мора да се случи, бидејќи тоа е во интерес на граѓаните на оваа држава. Тоа е заедничка мисија на сите нас бидејќи доброто што ќе дојде нема да дојде само за Албанците туку за сите граѓани. Мора да направиме ветинг, почнувајќи од политичарите, извршната власт, градоначалниците бидејќи тоа е за доброто на државата. Оваа проверка треба да ја направат странски специјалисти, бидејќи кредибилитетот може да се оспори. Потребно ни е проверено судство и политичар за да се има доверба во развојот на процесот“, рече Ахмети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...