18.3 C
Ohrid
сабота, мај 18, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонија подготвена за снегот- На располагање имаме 181 камион и 73 машини

Македонија подготвена за снегот- На располагање имаме 181 камион и 73 машини

За одржување на регионални и магистрални патишта и во наредниот период јавните претпријатија ќе работат на дополнително зголемување на капацитетите на зимските служби со цел безбедно патување на граѓаните.
тавена е на располагање целата зимска механизација на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта за претстојните зимски услови на патиштата, утврдиле министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите на јавните претпријатија за патишта, Ејуп Рустеми и Костадин Ацевски, при денешната обиколка на автопатските пунктови за одржување на државните патишта, соопшти Министерството за транспорт и врски.

На 38 зимски пунктови на ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта низ земјата ставени на располагање се 181 камион и 73 машини за зимско одржување на државните патишта. Јавното претпријатие моментно располага со 12.800 тони сол и дополнително околу 20.000 тони кубни ризла.

– Директорот на Јавното претпријатие истакна дека зимските служби работат деноноќно за да се обезбеди непречено и нормално функционирање на сообраќајот на патиштата во зимски услови – информира ресорното Министерство.

Најавуваат дека преку ЈП за државни патишта и ЈП за одржување на регионални и магистрални патишта и во наредниот период ќе работат на дополнително зголемување на капацитетите на зимските служби со цел безбедно патување на граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...

Незаконски се гради нов стадион во Тетово, имотот е на државата, а не на општината

Одлуката која што ја донел Советот на Општина Тетово во септември минатата година, со која тетовскиот градски стадион го доделил на трајно користење на...