19.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 23, 2025
ПочетнаМакедонијаРумен Радев: Поддршката за Македонија во ЕУ ќе продолжи ако…

Румен Радев: Поддршката за Македонија во ЕУ ќе продолжи ако…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Доколку во рок од еден месец членовите на Заедничката експертска Комисијата дадат уверување дека сите контроверзни прашања ќе бидат решени – настани, личности, корекција на учебници, натписи во музеи, плакети и позиции на јавни медиуми – тогаш бугарската Влада може да ја продолжи политиката на безусловна поддршка за членството на Република Северна Македонија во Европската унија, вели бугарскиот претседател Румен Радев како што објави бугарската новинска агенција БТА.

<

Тој денеска се сретна со бугарските претставници во Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Бугарија и Македонија.

Радев вели дека „доколку тоа не се случи, Владата треба да преземе чекори за развој на нова национална позиција со јасни барања и критериуми за поддршка на бугарскиот национален интерес, кои треба експлицитно да се вклучат во преговарачката рамка за Република с.Македонија како предуслови за членство во ЕУ. Со оваа нова позиција исто така мора да биде запознаен и бугарскиот Парламент“, вели Радев.

Радев вели дека е загрижувачки  последниот состанок на Заедничката комисија за историски и образовни прашања, но смета дека Бугарија треба да ја продолжи поддршката за европската и евроатлантската интеграција на Македонија:

„Секогаш инсистирав дека треба да бидеме најактивни застапници на оваа кауза, но под јасни услови“, вели Радев.

Бугарскиот претседател очекува следниот месец да биде клучен за развојот на односите меѓу двете земји, бидејќи ЕУ може да одлучи да ги отвори преговорите за членство со Македонија, пранесува Радио Слободна Европа.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вистински херој од Виница: Бесплатно ќе им поставува клими на настраданите во Кочани

Во време кога солидарноста е најпотребна, Борчо Горѓиев од Виница испрати силна порака на хуманост. Тој понуди бесплатна монтажа на клима уреди за сите...

Ќе те утепам: Објавена снимка како скопјанец брутално ја тепа својата 4 годишна ќерка

28-годишниот скопјанец од Драчево кој ја повредил својата четиригодишна ќерка, заврши во притвор, а мајката на социјалните мрежи објави видео на кое се гледа...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски повторно беше цел на неуспешен обид за атентат, а овој пат планот вклучуваше полски воен пензионер кој одамна бил регрутиран...

Бочварски: Не е точно дека Филипче вози Ауди Q8, тој има Шкода Супер Б.

Пратеникот Благој Бочварски во поткастот „Претрес“ рече дека партискиот лидер на СДСМ, Венко Филипче, вози „шкода суперб“, со која доаѓа во Собранието како народен...