31.9 C
Ohrid
среда, август 13, 2025
ПочетнаСветКои се луѓето зад најтажната фотографија од Турција?

Кои се луѓето зад најтажната фотографија од Турција?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Маж ја држи за рака својата ќерка, која е затрупана во урнатините. Во првите моменти нема повеќе информации, а оваа фотографија во рекордно време го обиколи светот и станува симбол на страдањата во Турција и Сирија.Станува збор за Месут Ханчер, неговата ќерка имала 15 години и се викала Имрак и живееле сосема мирен живот.

<

Од најлошата можна причина, ликот на Месут ја обиколи планетата.

Турските медиуми ја пренесуваат тажната приказна зад фотографијата. Месут е спасител, кој помагал во расчистувањето на урнатините и спасувањето на луѓе во турскиот град Кахраманмараш, кој се наоѓа во центарот на разорните земјотреси што во понеделникот ја погодија оваа земја и соседна Сирија. За жал, не успеал да ја спаси ќерка си.

Истрчал кон зградата каде што се наоѓала, а она што следеше беше сцената која го расплака светот. Месут седи на урнатините и ја држи раката на неговата почината ќерка. Во моментите на најголемата тага тој не се одвојувал од телото на петнаесетгодишното девојче

Месут на глас рекол: „Господ да те помилува, немам живот без тебе. Нема ништо во мене, тоа го нема без тебе“.

Ја пуштил раката дури кога спасувачите морале да ја однесат бидејќи го извлекле нејзиното безживотно тело од урнатините. Дотогаш не се одвојувал.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонец осуден на осум години затвор во Бугарија и казна од 50.000 лева

Бугарските медиуми денеска известуваат дека Окружното обвинителство во Ќустендил спроведе судски акт кој стапи на сила, со кој 34-годишниот Г.Н., државјанин на Северна Македонија,...

Охриѓанец со ЈУГО киднапирал 60-годишна жена.

На 12.08.2025 во 22:05 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода З.Ј.(59) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека...

Свечена владина седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор

Владата денеска ќе одржи свечена седница на која ќе бидат одбележани 24 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата, како што најави владината...

Создавање природни човечки заби во лабораторија-Македонка на врвот на светската наука

Во свет исполнет со научни предизвици и иновации, сè поголем број Македонки се пробиваат на светската сцена, оставајќи силен белег во различни научни дисциплини...