17.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаПретреси кај 53 лица во 29 општини и Скопје во координирана акција...

Претреси кај 53 лица во 29 општини и Скопје во координирана акција за спречување на шверц со дрога и оружје, лишени од слобода 26 лица

Претреси кај 53 лица во 29 општини и Скопје во координирана акција за спречување на шверц со дрога и оружје, лишени од слобода 26 лица

На 09 и 10.02.2023, од страна на Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи – Единица за недозволена трговија со дрога на територијата на државата беа спроведени координирани зајакнати активности за откривање на сторители на кривични дела во врска со недозволена трговија со дрога и оружје, при што лишени од слобода се 26 лица.

Во акцијата координирана од Одделот за криминалистичка полиција, а реализирана во содејство со Секторите за внатрешни работи извршени се претреси на дом и други простории, и тоа кај три лица на подрачјето на СВР Скопје, кај пет лица – СВР Куманово, кај осум лица во СВР Охрид, кај 10 лица – СВР Битола, кај пет лица во СВР Струмица, шест лица во СВР Велес, шест лица во СВР Тетово и кај 10 лица на подрачјето на СВР Штип.

Во активностите се опфатени 53 лица за кои постоеле сознанија дека се инволвирани во шверц со дрога и оружје, а претресите се извршени во 46 куќи и помошни простории, седум станови, пет патнички моторни возила и два деловни објекта во 29 општини и градот Скопје, како што соопшти портпаролот на МВР, Сузана Прањиќ Талевска.

За време на претресите беше пронајдена импровизирана мала лабораторија за производство на марихуана во Белчиште, охридско, ќеса со семки од канабис и тегла со марихуана. Покрај ова, за време на активностите се пронајдени и одземени се: марихуана, хероин, 78 семки од растение, 19 пакувања со прашкаста материја, 18 паковки со грутчеста материја, 150 грама амфетамин, таблетки, шприцеви со течна материја, повеќе дробилки, ваги и млин, четири ловни пушки, три ловни карабини и една воздушна пушка, еден пиштол, гасен пиштол и шест куршуми, 12 патрони, 46 куршуми и 92 куршуми маневарска муниција, седум рамки за автоматска пушка и поголем износ на пари во различни валути и апоени, од кои само при претрес во Кавадарци се пронајдени 178 илјади денари кои потекнуваат од продажба на дрога.

По итна постапка поднесена е кривична пријава против еден сторител за сторено кривично дело по член 215, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, против еден сторител во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка по член 215, а по редовна постапка ќе бидат поднесени 17 кривични пријави против 17 сторители по член 215 за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, шест кривични пријави против шест сторители по член 396 за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, против шест лица ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, како и два поднесоци по Закон за оружје.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...

Сиљановска Давкова назначи нов генерален секретар, познатиот новинар ќе биде негов заменик

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова ги има првите кадровски решенија за во Вила Водно. Досегашниот генерален секретар Миле Бошњаковски и неговите заменици Билјана Радева и...

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид.

Деветмесечно бебе почина во Општата болница во Охрид. Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски вели дека случајот е пријавен во полиција вчера во 08:10 часот. -...