16.9 C
Ohrid
понеделник, мај 19, 2025
ПочетнаМакедонијаТаксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таксистот насилник којшто сексуално нападна 19 годишна студентка избега од Македонија од полицијата која и онака не сакаше да го најде. Го гонат само за недолично однесување. Униформираните полицијаци се една од клучните причини зошто многу девојки и жени одлучуваат да не пријават семејно насилство или сексуален напад и вознемирување, пишува ИРЛ.

<

Деветнаесет годишната студентка – жртва, за ИРЛ расакажува дека чувствува безнадежност и немоќ, иако уредно се обрати до институциите за да побара правда за себе и да спречи насилникот повторно да нападне

Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста.

Физички нападната жена, сексуално вознемирувана девојка, претепана сопруга – ова е македонската реалност отсликана во секојдневието на полицискиот билтен. Почетокот на годинава покажува дека полицијата бележела пријави од малтретирани девојки, но без исход дали насилниците се фатени и казнети.

Последен во низата настани кои што ја вознемирија јавноста е кога пред две недели таксист сексуално нападна 19 годишна студентка од Кичево. Тинејџерката случајот го пријави во полиција. Но наместо брза интервенција, таа уште три пати во полициска станица раскажуваше што ѝ се случувало. И додека униформираните полицајци утврдуваа дали тинејџерката е жртва, таксистот избега и не е во земјава. ИРЛ преку овој случај ќе илустрира како жртвите се поистоветуваат со насилниците и како првиот филтер, полицијата, останува речиси рамнодушна на вакви пријави. Прикажуваме реконструкација на настанот од 27 јануари според сведочење на жртвите кои во немоќ дојдоа во редакцијата на ИРЛ барајќи да се чуе целата приказна за виктимизацијата на жртвите од страна на полицијата, за непостапувањето и небезбедноста на македонсктие млади. Епилог се уште нема, насилникот е на слобода, а жртвите наместо поддршка добија осуда од јавноста, стои во текстот на ИРЛ кој може во целост да го прочитате ТУКА.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Искршени сликите на плоштадот во Штип на петмината починати од трагедијата во Кочани

Искршени фотографиите на петмината починати штипјани од трагедијата во Кочани. Сликите кои беа поставени на плоштадот „Слобода“ во Штип, утринава беа пронајдени искршени. Mnet.mk

„Турски државјанин почина во автобус на пат кон Свети Наум, Охрид

На 18.05.2025 во 11.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во автобус кој превезувал група туристи од Република Турција кон туристичкиот комплекс „Св....

Џо Бајден има агресивен рак на простата, ракот ги зафатил и коските !!!

На поранешниот американски претседател Џо Бајден му е дијагностицирана агресивна форма на рак на простата која веќе се проширила на неговите коски, соопшти неговиот...

Мицкоски: Британците доаѓаат со 6 милијарди евра инвестиции во здравството и во инфраструктурата

Со потпишување на стратешки договор за партнерство со Обединетото Кралство, Македонија го отвора патот за инвестиции вредни шест милијарди евра, најави денеска премиерот Христијан...