5.4 C
Ohrid
четврток, април 10, 2025
ПочетнаМакедонијаМинистерот Спасовски во отворена донаторска програма на Канал 5: Убеден сум дека...

Министерот Спасовски во отворена донаторска програма на Канал 5: Убеден сум дека македонскиот народ ќе се обедини за Турција и Сирија

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерот Спасовски во отворена донаторска програма на Канал 5: Убеден сум дека македонскиот народ ќе се обедини за Турција и Сирија

<

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски учествуваше во отворена донаторска програма на Канал 5 телевизија на пулт за телефонски разговор со граѓаните на Република Северна Македонија, со цел да се мотивираат граѓаните да донираат финансиски средства за настраданите подрачја во Турција и Сирија.

„Сакам да оддадам признание за иницијативата која ја направивте како медиум, за ние како граѓани и држава помогнеме на граѓаните на Турција и Сирија. Ова се многу тешки моменти за една држава и народ, Северна Македонија знае како да се вклучи во овие тешки моменти заради тоа што делиме иста судбина, знаме што значи солидарност и во овие моменти покажуваме дека не сме заборавиле на солидарноста на светот кон Северна Македонија”, рече министерот Спасовски истакнувајќи дека државата реагираше навремено.

„Реагиравме брзо, испративме тимови од институциите, стоиме на располагање и понатаму да вклучиме уште луѓе во тимовите, а се пријавуваат доброволци во сите институции. Најважно е врз основа на потребите кои ги имаат турскиот и сирискиот народ да одговориме и помогнеме колку можеме”, истакна министерот Спасовски.

Во однос на прашањето што е најпотребно во овој момент, министерот Спасовски одговори:
„Со оглед на тоа дека е регион повеќе од 15 милиони луѓе погодени, срушени згради, јавни објекти, говори за фактот дека пред се потребни се многу луѓе кои треба да учествуваат во спасувачките екипи, потребна е механизација, потребни се средства за хигиена, во овие зимски денови и студот не е сојузник на целата ситуација, од една страна имате луѓе кои преживеале во несреќиве и мора да бидат згрижени. Сепак, сметам дека финансиските средства можат најмногу да помогнат, тие можат да се употребат точно за намената која ја имаат како потреба во овој момент, но не е за потценување и хуманоста на македонските граѓани преку разни хуманитарни акции за собирање храна, средства за хигиена, облека, ќебиња, средства за затоплување, многу аспекти, заради тоа што во овој момент нема што не е потребно, најважна е поддршката на турскиот народ и мислам дека граѓаните на Северна Македонија покажаа како е да се сочувствува со трагедијата на еден народ”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека најважно е што помошта е испратена навреме.
„Вие знаете дека Република Северна Македонија во континуитет добива поддршка во најтешките моменти од Република Турција, односите на нашите граѓани со турскиот народ се посебни, тоа создава еден вид морална обврска да бидеме тука за сите потреби кои ги имаат. Можеби помошта е мала која може државата да ја даде, но е исклучително голема ако се гледа во кој момент тоа се прави. Секако дека многу ќе биде важно да се помогне и на сирискиот народ, не само заради земјотресот, сирискиот народ е во страдање неколку години и од војната, и најважно од се е што токму ние Македонците, македонските граѓани ја покажуваме нашата човечност во овие моменти”, рече министерот Спасовски.

На крајот министерот Спасовски порача граѓаните да се обединат во овие моменти за помош на Турција и Сирија.

„Сите граѓани е важно да се обединиме во овие моменти и да помогнеме, еден од начините е преку јавување на телефонскиот број 143 400, преку донација на парични средства и на се она што може најбрзо да стигне во овие подрачја кои се зафатени со оваа голема катастрофа. Јас сум убеден дека граѓаните на Република Северна Македонија ќе бидат обедините во намерата да помогнеме и ќе ја пратиме пораката дека не забораваме и дека знаеме да ја цениме солидарноста”, порача министерот Спасовски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Заменик-министерот Ристески: Точно е дека ме касна куче, ама не зедов финансиска оштета.

Заменик-министерот за економија, Марјан Ристески, потврди дека бил каснат од куче, но дека не земал отштета од 100.000 денари. Ристески инаку е поранешен градоначалник на...

Александар Глигоровски е 61-та жртва во дискотеката Пулс

Градоначалникот на општина Пробиштип, Драгана Анастасов, се огласи на социјалните мрежи. Тој изрази длабоко сочувство до семејството и блиските на Александар. Изразуваме длабоко сочувство до семејството...

Инцидент во Ѓорче Петров: Додека граделе нова го урнале ѕидот на соседната зграда

Додека градат нова зграда, пробиле ѕид на соседната. Хаварија при градежни активности ги вознемири жителите на станбениот блок на ул. Партизански одреди во Ѓорче...

Полицијата во Кондово пронајде пиштол !!

Претрес во Кондово, пронајден пиштол, лишено од слобода едно лице На 10.04.2025 полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ф.(35) од с.Кондово, скопско....