12.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаСкопјанка нападната од разбојник во зграда во Карпош! Снимките од камерите помогнале...

Скопјанка нападната од разбојник во зграда во Карпош! Снимките од камерите помогнале за брзо да биде уапсен

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Скопјанка сподели фотографии од нападот кој непознат маж го извршил врз нејзината мајка пред влез на зграда, а снимен од безбедносните камери. Жената имала повреди на окото, вратот и раката, јавно сведочи Анета Малова.

<

Настанот се случил во Карпош, за каде во изминатиов период беа споделени информации дека крадци пустоштат низ домовите на жителите. Од МВР велат дека нема 70 кражби и 11 нападнати жени, туку дека шест објекти се ограбени, а три жени нападнати во изминатиот месец и половина.

Видеото нема да го објавам затоа што ми се превртува желудник секојпат кога и да го изгледам. Нападната е пред влезна врата со што и се нанесени повреди на окото, вратот и раката. Пријавено е, реагирано е со време и тој што ја нападна е веќе приведен и нема место за паника. За среќа од страна на полицијата се реагираше експресно. Но за жал, од него се направени повеќе штети и се надевам дека соодветно ќе одговара за истите. Но, сепак внимавајте овој е само еден од многумина што се шетаат низ Скопјево. Жени, мајки, девојки, девојчиња и сите останати, внимавајте, Скопје одамна не е безбедно место за живеење! И да, мажи, не пиштол да купувате, излезете и пречекајте ги вашите блиски доколку мора да се вратат доцна навечер, барем тоа е најмалку што можете да направите за нив. Чувајте се. Мајка ми е добро, но стравот е поголем. Комшии, кога ќе слушнете повик за помош, не игнорирајте“, пишува во јавната објава на скопјанката.

Од МВР посочуваат дека за разбојништво извршено врз жена на дрзок начин е уапсен 39-годишен скопјанец. Во однос на кражбите, се обидуваат да ги расчистат и да ги фатат сторителите.

„Согласно статистичките податоци, периодот од 01.01.2023 до 14.02.2023 година на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби во куќи и 4 (четири) тешки кражби во станови за кои се преземаат мерки и активности за нивно расчистување. Во однос на делот од прашањето за наводни напади на 11 жени на подрачјето на ЕВР Карпош пријавени се 2 (две) тешки кражби на дрзок начин и 1 (едно) кривично дело Обид за разбојништво. Кривичните дела се расчистени и против лицето Д.М. (39) од Скопје е поднесена кривична пријава до Основното Јавно Обвинителство“, посочуваат од МВР.

Ова не е првпат преку апели, скопјани да се штитат од разбојници и крадци.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...

Инцидент во Охрид: 14 годишно момче со параглајдер удрило во канделабра при слетување.

Инцидентот бил пријавен вчера во 17.45 часот во СВР Охрид. Според пријавата, во близина на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Охрид при...

За Македонците веќе и во Поградец е скапо

До пред некоја година македонските граѓани одеа во соседна Албанија на пазарување, затоа што економските околности тоа го дозволуваа. Сега ситуацијата се повеќе се...