21.7 C
Ohrid
сабота, јули 26, 2025
ПочетнаСветВо „камионот-ковчег“ во Бугарија пронајдени и тела на деца, луѓето умирале бавно...

Во „камионот-ковчег“ во Бугарија пронајдени и тела на деца, луѓето умирале бавно и тешко

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бугарското обвинителство поднесе обвинение против шест лица откако во петокот во камион во близина на Софија беа пронајдени телата на 18 мигранти од Авганистан.

<

За смртта на мигрантите обвинети се и возачот и сопатникот на камионот.

Првичните информации од истрагата укажуваат дека шверцерите доцна ги слушнале тропањата и криците за помош. Кога го сопреле камионот 18 од вкупно 53 мигранти биле мртви. Тие не останале да им помогнат на преживеаните, туку ги оставиле во тешка здравствена состојба и побегнале обидувајќи се да се скријат во Бургас.

Според првичната истрага мигрантите умирале бавно и болно поради недостиг на кислород во затворениот простор. Станува збор за млади момчиња на возраст од 13 до 33 години.

Оние кои преживеале се хоспитализирани во пет болници во земјата.

Последните детали укажуваат дека „шефот на операцијата“ бил поврзан и со Србија, јавуваат српските медиуми.

Одредени осомничени дале исказ во обвинителството и ги информирале надлежните за шемата за транспорт на мигранти, соопшти обвинителот.

„Вчера осомничените беа сослушани и дел од нив дадоа детални информации за оваа криминална организација и начинот на кој биле превезувани мигрантите од турската граница, преку Бугарија, па со план да стигнат до Србија. Повеќето работи ги знаевме, но сега имаме и нови докази“, рече заменик-обвинителот Христо Крастев.

Крастев не сакал да открие повеќе детали, за да не ја загрози истрагата, но вели дека се дознало оти „главниот човек“ е добро поврзан во Турција и Србија.

Како што беше најавено, ќе се слушнат и исказите на преживеаните мигранти од камионот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните

Вечерва од Охрид, со срце и чест во служба на граѓаните Во рамките на караванот „До Вас, За Вас“, реализиравме уште едно интерактивно дружење меѓу...

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија!

Голем пожар кај струмичките гробишта – полицаец херојски спаси куче од огнената стихија! Струмичката полиција издаде итен апел до граѓаните поради голем пожар што избувна...

Службено полициско возило удри во запрежно магаре кај Валандово, повредени нема !!

На 26 јули 2025 година, околу 09:05 часот на општинскиот пат меѓу с. Дедели и раскрсницата „Дедели“ во близина на истоимениот мост, се случила...

Таа го тепала една недела, тој молчел – Скопјанец жртва на семејно насилство“

На 25.07.2025 во 15.00 часот во СВР Скопје, 42-годишен маж од Скопје пријави дека во временски период од 19.07.2025 до 25.07.2025, во семејниот дом...