23.9 C
Ohrid
недела, мај 19, 2024
ПочетнаМакедонијаСинот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази стануваат обвинители, сопругата...

Синот на Талат Џафери и сопругата на Ислам Абази стануваат обвинители, сопругата на Муцунски- судијка?

Академијата за судии и јавни обвинители ја објави ранг листата со конечните резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за седмата генерација слуштатели. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители.

Барлет Џафери, синот на собранискиот спикер, Талат Џафери, за кого Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека положил правосуден испит пред да дипломира е 42-ри на ранг листата и е во групата на идните јавни обвинители-пишува Фокус.

На оваа ранг листа е и сопругата на новиот шеф на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, Албулена Абази, која е 51-ва на ранг листата и таа како и Џафери ќе биде јавен обвинител.

Токму поради неа, Абази се повлече од Управниот одбор на Академијата каде беше предложен од Советот на јавни обвинители.

Абази кажа дека со оглед на тоа што неговата сопруга тогаш беше слушател на Академијата за судии и јавни обвинители и е пред завршување на Академијата, не сака да падне било каков сомнеж во објективноста при спроведувањето на завршниот испит и оценувањето.

Сопругата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Аеродром, Тимчо Муцунски пак е во редот на судиите. Симона Муцунски Бубевска е четврта на ранг листата.

Пред неа е Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски е 13-ти на листата и е син на обвинителката, Елизабета Јосифоска која беше во СЈО. Тој е исто така во редот на идните судии.

Меѓу оние со завршен испит се синот на судијата во Виш управен суд Субхи Јакупи, Илир Јакупи. Тој треба да биде јавен обвинител исто како и синот на судијата во Апелација, Енвер Беџети, Јетмир Беџети.

За повеќе детали ТУКА

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Ален Деребан: Почитувани стружани, во среда има прегласување, не далат само 300 гласа за уште еден пратеник !

Почитувани стружани, Врз основа на одлуките донесени од Државната изборна комисија (ДИК), потврдени од Управниот Суд, на ден 22.05.2024 година (среда) гласањето ќе се повтори...

Трагично згасна животот на 18 годишен матурант во Македонија

Средното стручно општинско училиште „Моша Пијаде“- Тетово со емотивна објава се прости од својот матурант Елдон Шабани чиј живот згасна на трагичен начин. – Со...

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија!

Марија на матурската забава во Берлин се појави во македонска народна носија! Марија со нејзините родители Игор и Бети Кирески со потекло од Гостивар, живеат...

Во завршна фаза градежните активности за партерно уредување на дворот во Охридската Гимназија

Градежните активности за партерно уредување на дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ кои се одвиваат во овој момeнт се во завршна фаза. Треба да...