24.9 C
Ohrid
вторник, јуни 17, 2025
ПочетнаМакедонијаМостот „Беласица“ ќе биде затворен најмалку 18 месеци

Мостот „Беласица“ ќе биде затворен најмалку 18 месеци

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Мостот „Беласица“ во Скопје, чија инсталација минатата недела целосно изгоре, би можел да биде надвор од функција дури година и половина и тоа под услов веднаш да почне да се работи на него, изјави за ТВ Сител деканот на Градежниот факултет Горан Марковски.
Во најмала рака потребни се три до четири месеци интензивна и високостручна работа за да се утврди неговата моментална состојба. А, доколку се констатира дека е потребна негова санација, тогаш треба уште минимум половина година за да се изработи проект за санација, и после тоа да се изведе санацијата. Значи, треба доста време“, вели професорот Марковски.

<

Проблемот е во тоа што за носивоста на мостот се задолжени челични кабли кои се сместени во внатрешноста на бетонската конструкција, кои се чувствителни на високи температури.

Овие кабли ги губат своите карактеристики ако дојдат во контакт со висока температура. Оттаму, прво што треба да се утврди, а тоа не е нималку лесно, колкава била температурата во каблите во време на пожарот, па потоа да се констатира колкава е нивната носивост, дали е загрозена и колку е редуцирана. Па после тоа следат мерки за санација“, појаснува професорот Марковски.

Мостот е затворен и за пешаци откако под него избувна пожар, за кој причините уште не се утврдени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Србија: Татко со трактор го прегази своето едногодишно дете

Во село Селенча во Србија се случи страшна трагедија, кога татко, управувајќи со трактор, ненамерно го прегазил своето едногодишно дете, кое починало на самото...

До 10 јули ќе биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид- Вели премиерот Мицкоски.

Очекувам до 10 јули да биде пуштена делницата од Врбјани до Охрид, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во Битола при посетата за почетокот на...

Брутален чин кај Стража: Со BMW влечеше мртва коза по патот !!!

На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео на кое се гледа како возач на BMW автомобил влече мртва коза врзана за задниот дел од...

Бислимоски: РКЕ треба да ја утврдува цената на водата.

За да се намали загубата на водата за пиење која на национално ниво во просек изнесува близу 64 %, неопходно е Регулаторната комисија за...