18.8 C
Ohrid
четврток, август 14, 2025
ПочетнаМакедонијаВо светот со роботи, во Скопје со инкасатор на точак – Како...

Во светот со роботи, во Скопје со инкасатор на точак – Како функционираат јавните катни гаражи

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Во обид од прва 360 степени да дознае каде е проблемот, им помога корисничка на паркингот која со години редовно вади месечен билет.

<

При влезот во гаражата, системот не ѝ ја препозна картичката, иако уредно платила за месецот.
Помошник-директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор од значење за републиката, Благојче Јаќимовиќ, вели дека тендерот за одржување на рампите и системот бил истечен веќе цела година.

На почетокот на годинава ги тестиравме услугите во неколку јавни катни гаражи во Скопје, кои се изградени во времето на проектот „Скопје 2014“. Иако се релативно нови, наидовме на руинирани ѕидови и тоалети, нефункционални системи за олеснување на паркирањето, нефункционални лифтови и ескалатори…

По емитувањето на сторијата, до „360 степени“ стигнаа поплаки од граѓани и за други катни гаражи. Најгласни беа оние за гаражата кај Националната опера и балет. Како на едно место да се паркираат што повеќе автомобили и како побрзо да се внесе и да се изнесе автомобилот. Ова се параметрите по кои се водат и властите и архитектите кога дизајнираат или градат катни гаражи. И додека во Токио, Берлин или Њујорк со децении наназад може да се остави и да се подигне автомобил без воопшто да се влезе во катната гаража, во Скопје ја затекнавме оваа слика. Инкасатор во подземната гаража „Кресненско востание“ патува со велосипед од својата кабина во паркиралиштето до рампите. Системот не ги препознава месечните билети, па мора тој да ги отвора рачно.

360: Дали фрустрира ова што мора човек да доаѓа цело време по вас?

Возач: Што да се прави, што се мора тоа е.

Во обид од прва рака да дознаеме каде е проблемот, ни помогна корисничка на паркингот која со години редовно вади месечен билет. При влезот во гаражата, системот не ѝ ја препознава картичката, иако уредно платила за месецот. На дел од рампата има известување дека поради софтверски проблем не може да се продолжат месечните и годишните билети и се апелира до граѓаните парите да не ги уплаќаат во банка.
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ТУКА-360 степени

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Познато целото име и презиме на Македонецот од Струмица кој е убиен во Боливија

Познат е целосниот идентите на македонскиот државјанин убиен во јужноамериканската држава Болиција, заедно со уште двајца српски државјани. Како што објавија пред малку српските...

Тела на двајца Срби и на еден Македонец пронајдени во црни вреќи

Двајца Срби и еден Македонец, беа убиени во прсметка на нарко-картел во Јужна Америка.Телата на двајца Срби и еден Македонец убиени во Јужна Америка,...

Ohrid Water Festival 2025: Две недели спорт, рекреација и култура на Охридското Езеро

Со денешната прес конференција заедно со претседателот на „Ohrid Water Festival“, Никола Вретоски, го најавивме овогодинешното издаени кое ќе се одржи од 16 до...

Не сум исчезната, премажена сум: Пресврт во случајот со исчезнатата жена од неготинско Војшанци

Јас сум жива и здрава, не сум исчезната, туку се премажив, со овие зборови до нашата редакција се обрати жена која тврди дека е...