21.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаСДСМ обвинува за нови вработувања во општина Охрид

СДСМ обвинува за нови вработувања во општина Охрид

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ на 24 та седница на Советот на општина Охрид од советниците бара согласност за измени на годишниот План за вработување на општина Охрид за 2023 година.

<

Во услови на глобална економска и енергетска криза локалната власт предводена од ВМРО ДПМНЕ си дозволува луксуз да побара согласност за унапредување на 8 работници и согласност за вработување на 14 нови работници наспроти испразнатите 4 места по основ на пензионирања, обвинија на денешната прес конференција од ОО на СДСМ Охрид.

-„Локалната власт на ВМРО ДПМНЕ на овој начин покажува тотална несериозност, игнорирање на актуелната финансиска состојба и најважно од се: непочитување на своите граѓани од чии средства во најголема мера се полни општинскиот Буџет. Планираните вработувања на 6 нови раководители, соработници и референти не претставува потреба произлезена од работата, туку задоволување на својата партиска агенда, пред која не може да застане ни глобалната економска криза, а најмалку потребите на граѓаните.
Во услови кога јавните претпријатија мака мачат да поделат плата на своите вработени, во услови кога еден голем дел од вработените кои менаџерскиот тим ќе ги избере според сопствени критериуми користат привремен принуден одмор и не можат да го остварат во целост својот месечен личен доход локалната власт има потреба од 14 нови работници од кои во најголем број раководители, соработници и референти. За овие нови вработувања глобалната економска и енергетска криза не претставува никаков проблем, но затоа токму таа криза беше причина речиси сите јавни претпријатија да ги зголемат цените за своите услуги, без никаква финансиска анализа, единствено водени од девизата колку повеќе, толку подобро.
Со ваквата одлука се разобличува театралноста и лажната загриженост на локалната власт за граѓаните. Паѓаат во вода сите оправдувања дека цените во јавните претпријатија ги поскапуваат како неминовна последица од економската криза. Паѓаат во вода сите обвинувања кон централната власт и претходното локално раководство изречени секогаш кога за своите постапки и делувања не можеа да најдат основани аргументи Општината е на граѓаните, а не на ВМРО ДПМНЕ. Граѓаните имаат право да знаат како локалната власт ги планира и троши нивните средства од кои е конструиран општинскиот Буџет. Граѓаните бараат исполнување на ветувањата, подобрување на квалитетот на живеење, не нови цени и 14 нови вработувања во и онака превработената општинска администрација.
Затоа упатуваме апел до сите советници во Советот на Општина Охрид, без разлика на партиската определба, да застанат на страната на граѓаните и да не го дадат својот глас за 14 нови вработувања во општинската администрација. Сопствените заложби да ги насочат кон реализација на ветените проекти. На граѓаните не им се потребни нови раководители туку капитални инвестиции кои ќе го направат подостоинствен и поквалитетен нивниот живот“, истакна портпаролот на ОО СДСМ Охрид,Јован Крлев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полициските службеници од Охрид спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата !!

Полициските службеници спасија четири лица од пловен објект во Охридското езеро откако им се скршил дел од едрилицата На 28.06.2025 во 19.30 часот, во Полициската...

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...