13.5 C
Ohrid
четврток, мај 23, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за нелегалното финансирање на кампања- Сега ќе...

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за нелегалното финансирање на кампања- Сега ќе можам допридонесам уште повеќе за Македонија вели Љубе…

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за случајот „Кампања“. Кривичен суд на повтореното судење, утврдил дека немало недозволено финансирање на кампањата на неговата партија на изборите во 2011 година.

„Се ослободува од обвинение. Трошоците за кривичната постапка се на буџетот на Република Северна Македонија“, кажа судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.

Пресудата беше поздравена со аплауз во судницата.

„Судот не утврди дека Бошкоски примил парични средства за финансирање на изборната кампања за парламентарните избори 2011 година, што би претставувало недозволено финансирање на изборната кампања, а е суштествен елемент кој мора да постои“, посочи судијката.

Случајот „Кампања“ се суди по вторпат бидејќи Европскиот суд за човекови права пред две години пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија Обединети за Македонија. Новото судење беше по барање на Бошкоски како обвинети.

Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор. Во 2016 година тој излезе од затворот во Идризово каде што ја отслужуваше казната.

Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, по ослободителната пресуда за случајот „Кампања“, порача дека е единствениот на балканските простори кој поминал 11 години низ повеќе затвори, а излегол како победник. Прашан дали ќе побара оштета од државата, бидејќи сега е ослободен, тој рече: „Тоа сега е непримерно“.

Сведоци бевте за уште една во низата ослободителни пресуди коисе донесоа. Ова ми е седма ослободителна пресуда, од двете хашки до денес. Имав неколку осудителни пресуди кои завршија како ослободителни пресуди. Од денес па натака во мојот живот сум можеби единствениот човек на балканските простории, кој помина 11 години во домашните и меѓународните затвори од секаде излегов како победник“, кажа Бошкоски.

Прашан дали ќе бара парична оштета од државата, Бошкоски рече: „Времето не може никој да го врати, тоа е минато време. Ги охрабрувам македонските судови и судии при одлучувањето да ги земаат во предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците. Денеска бевме сведоци дека во сиот период бев изложен на полициско-политичко монтирани процеси кои завршија со победа на правдата“.

Тој останува во политиката.

„Се надевам дека уште можам да допридонесам за Македонија посебно кога знам дека зад мене немам товар кој може да ме оптеретува мене и мојата партија“, додаде Бошкоски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прегласувањето заврши: Вреди му „украде“ еден пратеник на ДУИ

Коалицијата Вреди вечерва објави дека со денешното прегласување на парламентарните избори добиле еден пратеник повеќе на сметка на загубата на ДУИ. Државната изборна комисија...

Околу 400 матуранти од средните училишта во Охрид беа дел од манифестацијата „Матурска парада“ што денес точно напладне се одржа на плоштадот „Св. Климент...

Околу 400 матуранти од средните училишта во градов беа дел од манифестацијата „Матурска парада“ што денес точно напладне се одржа на плоштадот „Св. Климент...

Вечерва успешно заврши турнирот во мал фудбал ,,Св. Никола Требеништа

Вечерва успешно заврши турнирот во мал фудбал ,,Св. Никола 2024-Тррбеништа”! Победник на овој турнир е екипата на Мирани Аг која што во финалето беше...

Жена си е жена: Давкова ги отворила сите прозорци во Вила Водно за да луфтира, истите претходно биле затворени ради безбедносни причини !!!

Новата претседателка веднаш направила „генералка“ на Вила Водно. Меѓу првите работи кои ги направила, ги отворила сите прозорци на Вилата за да влезе чист...