11.9 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаТалат Џафери: И моето дете има право да конкурира и да биде...

Талат Џафери: И моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа

spot_imgspot_img

И моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, и моето дете има право да конкурира и да биде примено на работа, реагира собранискиот спикер, Талат Џафери по рекациите во јавноста откако неговиот син го положи завршниот испит на Академијата за судии и јавни обвинители и наскоро може да стане обвинител.

Антикорупциската комисија отвори постапка за Барлет Џафери и утврди дека положил правосуден испит пред да заврши факултет. Сепак во недостаток на докази предметот е затворен и на тоа се повикува и Џафери.

Јас сум свесен како претседател на Собранието и како носител на јавна функција сензацијата е поголема кога се работи за член на семејството на носител на јавна функција. Антикорупциската комисија имаше постапка и таа е запрена, односно не можеше да се утврди злоуотреба од страна на син ми. Работата на институциите е друга работа и тоа не не засега ни мене ни, мојот син. Во секој случај како сите граѓани во државата, така и моите деца ги уживаат сите права и можности во ова општество, изјави Џафери.

Освен синот на Џафери на ранг листата за идни судии и обвинители се најдоа и други деца на судијки и обвинители, снаи, сопруги и блиски на актуелни политичари, судии и обвинители.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Токму денес на Велики Петок се простуваме со чичко Никола, таткото на нашиот Тоше.

Денеска е Велики петок најтажниот ден за Христијаните. И токму денес се простуваме и од Никола Проески- нашиот чичко Нико, Таткото на Тоше. Неизмерна...

Со една плата веќе не се живее: Граѓаните работат по две работи за да ги подмират основните трошоци и потреби

Веста дека потрошувачката кошничка за едно четиричлено семејство за февруари изнесувала 57.476 денари ја вознемири јавноста и го постави прашањето дали еден граѓанин може...

„Народот доаѓа по своето, по она што Али и Груби му го одзедоа, по она што Заев, Таче и Стево му го продадоа“, рече...

„Мора да почнеме поинаку да функционираме и да не молчиме пред неправдите. Мора да се обелоденуваат сите криминали и скандали. Мора да бидеме гласни,...

Уапсен скопјанец кој со ловечка пушка им се заканувал на жители на Богомила

Полициски службеници од Полициското одделение Чашка, уапсија 36 годишен скопјанец кој со ловечка пушка им се закнувал на жители од село Богомила. На 03.05.2024 во...