17.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаЉубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за нелегалното финансирање на кампања- Сега ќе...

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за нелегалното финансирање на кампања- Сега ќе можам допридонесам уште повеќе за Македонија вели Љубе…

Љубе Бошкоски доби ослободителна пресуда за случајот „Кампања“. Кривичен суд на повтореното судење, утврдил дека немало недозволено финансирање на кампањата на неговата партија на изборите во 2011 година.

„Се ослободува од обвинение. Трошоците за кривичната постапка се на буџетот на Република Северна Македонија“, кажа судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ.

Пресудата беше поздравена со аплауз во судницата.

„Судот не утврди дека Бошкоски примил парични средства за финансирање на изборната кампања за парламентарните избори 2011 година, што би претставувало недозволено финансирање на изборната кампања, а е суштествен елемент кој мора да постои“, посочи судијката.

Случајот „Кампања“ се суди по вторпат бидејќи Европскиот суд за човекови права пред две години пресуди дека на поранешниот министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски му биле прекршени правата на фер судење по обвинувањето за нелегално финансирање на неговата партија Обединети за Македонија. Новото судење беше по барање на Бошкоски како обвинети.

Бошкоски беше уапсен на 6 јуни 2011 година, ден по парламентарните избори, пред ресторанот „Воденица“ во Скопје, под сомнение за нелегално финансирање на изборната кампања. Во 2014 тој беше осуден на пет години затвор. Во 2016 година тој излезе од затворот во Идризово каде што ја отслужуваше казната.

Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски, по ослободителната пресуда за случајот „Кампања“, порача дека е единствениот на балканските простори кој поминал 11 години низ повеќе затвори, а излегол како победник. Прашан дали ќе побара оштета од државата, бидејќи сега е ослободен, тој рече: „Тоа сега е непримерно“.

Сведоци бевте за уште една во низата ослободителни пресуди коисе донесоа. Ова ми е седма ослободителна пресуда, од двете хашки до денес. Имав неколку осудителни пресуди кои завршија како ослободителни пресуди. Од денес па натака во мојот живот сум можеби единствениот човек на балканските простории, кој помина 11 години во домашните и меѓународните затвори од секаде излегов како победник“, кажа Бошкоски.

Прашан дали ќе бара парична оштета од државата, Бошкоски рече: „Времето не може никој да го врати, тоа е минато време. Ги охрабрувам македонските судови и судии при одлучувањето да ги земаат во предвид сите докази, а не да влегува политиката во судниците. Денеска бевме сведоци дека во сиот период бев изложен на полициско-политичко монтирани процеси кои завршија со победа на правдата“.

Тој останува во политиката.

„Се надевам дека уште можам да допридонесам за Македонија посебно кога знам дека зад мене немам товар кој може да ме оптеретува мене и мојата партија“, додаде Бошкоски.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...