8.9 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаИздржав куршум па ќе издржам и сега Републиката е во пламен -...

Издржав куршум па ќе издржам и сега Републиката е во пламен – Нека залади па ќе размислувам за оставка сега сум зафатен

spot_imgspot_img

„Републиката е во пламен и немам време да размислувам за неважни работи како што се барањата за моја оставка. Нека залади, па ќе размислувам за тоа, ќе се направат анализи и ако сум потфрлил, јас ќе си дадам оставка и ќе си заминам од овде. Жал ми е што мојата стара и болна мајка мора да ги слуша тие критики. Ама ако не сум потфрлил, тогаш ќе барам извинување. Издржав куршум во војната, ќе го издржам гневот на јавноста“. рече директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов како сублимиран одговор соочен со бројни новинарски прашања за негова одговорност заради последиците од пожарите низ земјава.,

Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов на новинарски коментари за негова одговорност за лошата координацијата меѓу институциите синоќа за време на пожарите, одговори со повик новинарска екипа да тргне со него во исто возило и да се упатат кон Старо Нагоричани за да се уверат како се одвива неговата организација и координација на акциите за борба со огнот.

Антелов дури понуди и лет со хеликоптер за да може со камера да се снимат состојбите на терен, притоа нагласувајќи дека најпрво треба да се увиди дали постои таква можност, со оглед на ограничениот број на летала со кои располата државата.

Директорот на ЦУК повеќе пати нагласи дека нема надлежност дури ни да побара цистерни со вода од општините или од други државни институции, но дека и тоа го правел во текот на ноќните часови. Ангелов нагласи дека на ЦУК и на други институции им е потребна сериозна и голема реформа и дека токму затоа се нафатил на функцијата. Рече дека наесен ќе стартува проектот „112“, единствениот повикувачки број, за што со помош на ЕУ била спроведена и обука на кадрите и агласи дека таков проект со децении задоцнет, е изготвен за само неколку месеци. Во тој контекст тој рече дека за жал, земјава има многу застарена техника и механизација за кризни состојби.

„Полициските хеликоптери не се опремени за гасење, но ги користиме за набљуување и ќе ги користиме за транспорт на материјал и луѓе. Авионите, “ер-трактор’ се на Дирекција за спасување и немаме надлежност врз нив. Новиот директор ги затекна овие летала во бирократска процедура околу сервисирањето. Не можеме да сметаме на овие авиони, но хеликоптерите се попрактични затоа што, заради илустрација, тие вчера на само еден километар оддалеченост од огнот, црпеа вода по еден или два тона. Имаме три армиски хеликоптери, но функционални се два. Едниот беше сервисиран во текот на ноќта, па утрото два полетаа. Но, да корегирам едно вчерашно медиумско пренесување на изјави. Хеликоптерите не е дека не можат ноќе да летаат, можат, но не може да гаснат, затоа што во темница не можат безбедно да се доближат до огнот, но и не можат ноќе од вир да црпнат вода“, рече Ангелов.

Тој најави дека се чека пристигнување на 4 хеликоптери од Србија, кои попладне би требало да почнат да гасат. Нагласи дека уште од сега не е можно да се каже каде ќе бидат упатени, бидејќи пожарите се непредвидливи.

„Како во војна, додека пешадијата, човечката нога не нагази, не може успешно да се угаси целосно голем пожар. Лисјата од дрвјата паѓаат и прават слој, кој потоа одоздола тлее заедно со смолата во старите шуми и огнот се шири и таму каде што не го очекувате,помогнат од ветерот“, рече Ангелов.

Тој информира дека денеска се ангажирани сите расположливи пожарникарски сили во земјата. Притоа, Ангелов нагласи дека вчера не можело од Скопје да бидат ангажирани големи пожарникарски сили, кога само во градот имало 15 урбани пожари.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денес оствари работна посета на Единицата за брзо распоредување и Единицата за обука и поддршка кои се сместени...

Сиљановска Давкова од Крушево: Крушевчани имаат на што да бидат горди, ќе покажам и ќе докажам дека сум тука поради граѓаните, не поради себе

Во своето обраќање пред граѓаните на Крушево, Сиљановска-Давкова порача: „Морам да кажам дека тука во Крушево има куќи кои се бисер на македонската архитектура,...

Пендаровски: Не мислам да бојкотирам туку да победам

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија, Стево Пендаровски, по големиот пораз во средата, денеска ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево. „Борбата...

Пецаков оствари протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја.

Денес остварив протоколарна средба со амбасадорот на Јапонија во Република Македонија, Н.Е. Оцука Казуја. Непосреден повод за средбата е отворањето на изложбата „UKIYO –...