14.9 C
Ohrid
сабота, август 16, 2025
ПочетнаМакедонијаКовачевски не планира оставки, туку државна награда за главниот ИТ експерт од...

Ковачевски не планира оставки, туку државна награда за главниот ИТ експерт од ФЗОМ

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Премиерот Димитар Ковачевски ќе го предложи главниот ИТ експерт на Фондот за здравствено осигурување за една од државните награди кои се доделуваат да ја прими во име на сите ИТ експерти кои се справуваат со сајбер нападите, затоа што одлично се справил со нападот врз ФЗОМ.

<

-Фондот за здравствено осигурување за 14 дена успеа да се врати во целосна функција и да исплаќа плати и породилни отсуства на сите корисници на услугите на Фондот, што доколку истражите ќе се уверите дека е брзо, бидејќи на други институции во светот кои биле предмет на сајбер напад им биле потребни во просек 22 до 23 дена и тоа е индикатор дека Фондот одлично се има справено со овој напад, рече попладнево премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање од пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНМЕ дали некој ќе понесе морална одговорност и дали се планирани оставки од Фондот за здравство, конкретно од директорката.

Премиерот уверува дека при тој напад не се случува излевање на податоците на граѓаните и здравствените податоци на граѓаните се безбедни без разлика што, како што кажа, одредени индивидуи придонесуваа во создавање паника дека личните податоци на грѓаните се загрозени.

Одговорност, според него, се бара кога за тоа постои реална причина, а во овој случај, како што рече, тоа не е така поради три причини.

–Прво ги видов договорите со кој Фондот ги има реализрано или биле во тек на реализација непосредно пред сајбер нападот и тие укажуваат дека подготовката од заштита од сајбер напади која ја спремале била на највисоко ниво и е согласно ревизорсите извештаи од претходните години кои кажале дека треба да се купат такви системи за кои веќе се потпишани договори.

Сајбер нападот се случува непосредно пред тие да се стават во функција. Второ, во монментот кгоа се случува сајбер нападот тие се ангажираат 24 часа на ден и ангажираат експерти од земјата и од нашите стратешки партнери од странство за да го вратат во функција системот што е можно најбрзо.

Трето кога е веќе јасно дека со конретнава работа и навремено се спремале и соодветно одгоовирле, го видов извештајот на ДЗР и тоа што биле забелешки, но и како по сите забелешки постапиле или се во тек на постапување, тоа значи дека директорката си ја работи работата со Фондот како што треба и според правилата, законот и прописите, истакна Ковачевски.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Нов крвав инцидент во пихијатриската болница Бардовци!

Вчера наутро, лекари од психијатриската болница во Бардовци пријавиле дека претходната вечер во болницата се случил инцидент во кој еден пациент нападнал друг, а...

Малолетно девојче натепано од 64 годишна жена.

На 14.08.2025 околу 23:00 часот во СВР Скопје, И.В.(43) од Скопје пријави дека околу 22:10 часот на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка...

Лишен од слобода 19-годишник во Тетово поради предизвикување пожар

Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење...

Што се знае за Македонецот кој пукаше во Марко Љубиша – Кан: Бил во хотелот како српски државјанин, еве како избегал

Андреј Танасковски (18) од Македонија е осомничен за обид за убиство на Марко Љубиша, познат како Кан (56), од Будва. Во тек е интензивна потрага...