Син на поранешен директор на Бирото за јавна безбедност синоќа бил приведен во полицискa акција во еден познат скопски локал во Капиштец, каде кај синот на поранешниот висок полициски функционер била пронајдена дрога, потврдуваат за „Фокус“ извори од МВР.
Инаку, таткото на приведениот беше назначен за директор на БЈБ после политичките промени, но многу кусо се задржа на оваа функција, бидејќи беше разрешен откако медиумите објавија дека неговата ќерка со службено возило била на пат за Грција.
Фокус