4.9 C
Ohrid
петок, ноември 15, 2024
ПочетнаМакедонијаОстана енигма што се случи со малата Ангела од мариовско: Семејството одби...

Остана енигма што се случи со малата Ангела од мариовско: Семејството одби да ги погреба остатоците кои беа пронајдени

Јавноста се сеќава и на случајот со Ангела Ѓорѓиоска од мариовско Дуње која исчезна на 23-ти јули 2009 година, на шест-годишна возраст. Остатоци од телото на девојчето беа пронајдени по шест месеци, кај селото Пештани во Мариово.
Сепак, остана енигма со што се случило со Ангела, бидејќи докторите од судска медицина не можеа да прецизираат кога и како настанала смртта на малото девојче од мариовско Дуње, затоа што нејзиното тело по смртта било било растргнато од животни.

Семејството Ѓорѓиоски, кое е од социјален ризик, одбиваше да прифати дека се работи за нивното дете и не сакаше да ги погреба остатоците за кои со ДНК анализа се утврди дека и припаѓаат на Ангела.

Сличен настан ја потресе јавноста и во ноември 2013 година, кога 14-годишната Маја Блажеска од Лешани заминала од дома, наводно за да се сретне со момче кое го запознала преку Фејсбук, а семејството и полицијата трагаше по неа.

Телото на девојчето беше пронајдено на Илинска планина во јануари, наредната година, а според МВР обдукцијата покажала дека на нејзиното тело немало траги на насилство. Изложеноста на екстремно ниските температури во планинскиот предел на 1.500 метри надморска висина, кај ,,Натнасер бачила” , биле причина срцето на девојчето да престане да чука.

И фамилијата на Маја беше од социјален ризик, а по настанот родителите во неколку наврати јавно бараа одговори и прашуваа кој ја одвел нивната ќерка на планината, на која самата не би можела да се искачи, и ја оставил таму да умре.

Одговори на прашањата до денес нема, иако беше најавена дополнителна истрага која требаше да покаже како Маја се нашла на планината.

На страницата за исчезнати лица на МВР се уште стојат фотографиите уште на три исчезнати деца кои до денес не се пронајдени, а кои потекнуваа од семејства од социјален ризик – Мирсада Хелдовиќ, исчезната на пет-годишна возраст во Куманово во 2010 година, Митат Ибраими, исчезнат на осум-годишна возраст во Средно Коњари, скопско во 2010 година и Дане Мемеди, исчезнат на четири-годишна возраст во Куманово во 2010 година.

Не е пронајден ниту Џеладини Ренат, момче од семејство од социјален ризик, кој исчезна во Куманово во 2014 година, два дена пред да наполни 15 години.

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

За малку избегната тепачка во Македонското Собрание..

Инцидент ја одбележа расправата за Предлог-буџетот за 2025 година на Комисијата за финансирање и буџет, додека пратеникот од СДСМ, Фатмир Битиќи, беше на говорницата. Битиќи,...

Отказ за 15 високи полициски функционери- Давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување

Министерот за внатрешни работи откри дека во минатото се давале дозволи за оружје на луѓе кои немале право за поседување. Поради ова, Одделот за...

Мечка сред бел ден се шета низ Ранковце…

Мечка се појави во селото Петралица, општина Ранковце, во средината на денот. Оваа информација ја сподели ловното здружение „Славишко поле“ на својата Фејсбук страница. Во...

Уште еден од најугледните полициски службеници во СВР Охрид, Горан Коруноски, од денес заминаува во пензија..

Горан Коруноски е роден 31.03.1973 во градот Кичево, прекрасен сопруг и татко на две машки деца. Неговите полициски денови започнаа во далечната 1994 година во...