15.6 C
Ohrid
четврток, јуни 5, 2025
ПочетнаМакедонијаОглас за вработување во „Македонски шуми“, ќе се примаат 407 лица!

Оглас за вработување во „Македонски шуми“, ќе се примаат 407 лица!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Јавното претпријатие „Македонски шуми“ објави оглас на кој бара 407 нови вработени. Ќе се примаат сечачи, редачи, утоварачи, истоварачи и шумски работници. Огласот за вработување е распишан на веб страницата на „Македонски шуми’. На него стои дека ќе се заснова работен оглас на определено време за дури 407 лица, а тоа треба да се случи до крајот на оваа година.

<

Ова јавно претпријатие отсекогаш се сметало дека служи како база за серија масовни партиски вработувања.

Врз основа на член 37 од Законот за јавните претпријатија и член 22 од Законот за вработените во јавниот сектор како и член 22 став од Законот за работни односи и „Службен весник на Република Македонија“, Јавното претпријатие за стопанисување со државни шуми „Национални шуми“ – Скопје, објавува јавен оглас за засновање работен однос на неопределено време со 407 лица до 31.12. 2023 година“, се вели во огласот.

„Работните задачи за работно место сечач опфаќаат соборувсње, кроење и изработка на шумски сортименти, за работно место дотурач пренос на дрвни сортименти, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач опфаќа утоварање, растоварање и редење на дрва во шума и во магацин и за работното место Шумски работник опфаќа редење, утовар, растовар на огревно дрво и градежен материјал и други работни задачи. Месечната нето плата за работното место Сечач изнесува 18.000 денари, за работно место Дотурач изнесува 18.000 денари, за работното место Редач – Утоварач – Истоварач изнесува 18.000 денари и за Шумски работник (редач, утовар и пошумување и шумски производи) изнесува 18.000 денари“, се вели во огласот.

Огласот трае 15 дена сметано од денот на објавување, односно најдоцна до 15.03.2023 година, а изборот ќе се изврши согласно законски пропишаните рокови.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„72-годишен маж од Гостивар ги заклал кравите на својот брат по семејна расправија„

Вчера во село кај Гостивар е уапсен 72-годишен човек кој е осомничен дека со нож ги бодел кравите на сопствениот брат, од кои една...

Работникот од Кина кој падна од мост кај с.Требеништа се бори за живот по повреда на автопатот во изградба Кичево-Охрид

Вчера во 07.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека, О.З.(52) од Кина, при изведување градежни работи на автопатот во изградба Кичево-Охрид, кај селото...

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники

Тригодишно дете донесено починато на скопските клиники. На 03.06.2025 во 09.30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека...

40 илјади денари е просечен месечен трошок за третмани на еден повреден во „Пулс“ – родителите сами се борат со високите трошоци

Родителите на децата кои беа повредени во трагичниот пожар во скопската дискотека „Пулс“ се соочуваат со големи финансиски трошоци за лекување, а очекуваната државна...