18.2 C
Ohrid
понеделник, август 4, 2025
ПочетнаМакедонијаОчевидци за убиството во Скопје: Пет лица со фантомки влегоа во кафулето...

Очевидци за убиството во Скопје: Пет лица со фантомки влегоа во кафулето и им пукаа во глава

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пет лица облечени во униформи со фантомки на глава влегле во кафуле во Старата скопска чаршија, ги таргетирале сега двајцата убиени и им пукале во глава, велат за „Макфакс“ очевидци на престрелката во Стара скопска чаршија која се одигра вечерва и во која беа убиени две лица, а еден е повреден и пренесен во болница.

<

Според информациите на „Макфакс“ кога вооружената група влегла, викала никој да не мрдне, посочувајќи дека станува збор за рација. Во моментот на пукањето, немало многу луѓе во барот.
Освен убиени, има и неколку повредени лица. Двајцата убиени биле во одделен дел на кафулето односно во горниот дел на објектот, во засебна канцеларија, каде што вооружената група ги затекнала. Овие неофицијални информации засега не можат да се потврдат, бидејќи од МВР велат дека се работи на настанот и со повеќе детали ќе излезат подоцна.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерот Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување на „Вести Плус“ порача дека ќе се прекине партизацијата во МВР, а институциите ќе функционираат врз...

РВР бренд му подари уникатни патики на Џејсон Деруло

Светски познатиот пејач Џејсон Деруло, по повод својот прв концерт во Македонија, доби ексклузивен и персонализиран подарок – рачно изработени Nike Air Force 1...

Михаилов: Едно запалено глувче, или запалена опашка на една лисица, може да го рашири пожарот !!

Заменик директорот на Национални шуми Кирил Михаилов во гостување во вестите на Сител изјави дека овие месеци видел сешто, па имало случаи кога запалено...

Поради енормна бучава, полицијата во Струга заплени „ламборџини“, БМВ и „ауди“

Четири патнички моторни возила за само два дена одзела струшката полиција поради предизвикување голема бучавост, при засилени сообраќајни контроли во патниот сообраќај. Возилата денеска...