27.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаПродавачите разочарани: Скапотијата го изеде 8-ми Март.

Продавачите разочарани: Скапотијата го изеде 8-ми Март.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Колабира продажбата на цвеќиња на цветните пазари во Скопје. Ретко кој од продавачите беше расположен да зборува пред камера, а уште помалку од нив се задоволни од бројот на потрошувачи. Заедничко на сите им е тврдењето дека не ги зголемиле цените по кои ги продаваат цвеќињата иако ги набавуваат по повисоки цени.
Оваа година многу слабо. Доста купуваат за овој ден. Цените се исти, како и минатата година“, вели продавачка на Цветниот пазар.

<

На друга тезга на истиот пазар имаше задоволни продавачи.

„Не цел ден работиме овде. Потрошувачката оди добро, супер. Цените се исти секогаш, не се покачуваат за празниците. Барем за нас тука, за другите не знам“, вели продавач.

Атмосфера дека е 8 Март немаше ниту на Зелениот пазар во Скопје, кој изминативе години беше преплавен од потрошувачи. И тука оние што сакаа да зборуваат пред камера се жалеа на слабата потрошувачка.

„Послабо е од минатата година. Сè е поради скапотијата. Скапо е. Што и да земеш, сè е изгор. Зголемени се цените, а ние ги продаваме по иста цена како и лани“, вели продавач.

На двете места трговците коментираа дека нема празнична атмосфера. ВИДЕО ТУКА
MakFax

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Азир Алиу изгласан за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски претходно во образложението на предлогот за Азири истакна дека верува оти неговата енергија и знаење ќе донесат нова димензија во менаџирањето...

Почина работникот од Кина кој падна од платформа кај селото Требеништа, при изградба на автопатот Кичево Охрид.

По пет дена борба за живот, работникот од Кина кој беше тешко повреден при изведба на градежни работи на автопатот Охрид – Кичево, вчера...

Мицкоски ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во Собранието ги предложи Азир Алиу за нов министер за здравство и Албрим Хоџа за заменик министер за земјоделство. Пребарај.. МАКФАКС МАКФАКС МакедонијаМицкоски ги...

Гордана Сиљановска Давкова: Потребен ни е мир со природата

Чест ми е што сум меѓу гостите на претседателот на Француската Република, Емануел Макрон кој е домаќин на глобален настан којшто треба да создаде...