12.9 C
Ohrid
сабота, април 5, 2025
ПочетнаМакедонијаПриведена наставничка од ОУ „Александар Македонски“ под сомнение за дилање на дрога

Приведена наставничка од ОУ „Александар Македонски“ под сомнение за дилање на дрога

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Утрово МВР привело наставничка од основното училиште „Александар Македонски“ од Општина Аеродром. Лицето се сомничи за нелегална продажба на дрога. Во врска со оваа информација, на својата фејсбук страна се огласи градоначалникот на оваа општина Тимчо Муцунски.

<

„Утрово примив информација дека поради постоење основани сомневања за сторено кривично дело, припадниците на Министерството за внатрешни работи привеле наставник кој подолг временски период работи во основното училиште „Александар Македонски“. Како градоначалник, родител и универзитетски работник, но и како човек кој преку активностите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, директно е поврзан со правото и е дел од образовниот процес цврсто стојам на ставот дека наша обврска е да дадеме се од себе за на децата да им овозможиме училишните денови да ги поминуваат во здрава средина.”>Процесот на социјализација и едукација на дечињата не смее да се поврзува или да биде обременет со било каква нелегална активност која е во спротивност со законот.“, пишува Муцунски.

Приведувањето е дел од организирана акција на Министерството за внатрешни работи во која со основен сомнеж се приведени повеќе лица.

„Инсистирам случајот да биде расчистен во целост и во таа насока потенцирам дека основното училиште и Општина Аеродром веќе соработуваат со надлежните институции за спроведување на законот.Аеродром е општина која инвестира во образовниот процес, а децата, нивниот развој и нивното образование се во фокусот на нашата работа. Токму поради ова, неопходно е секое прекршување на законот соодветно да биде санкционирано.“, дополнува Муцунски.

Во училиштето наставниот кадар и надлежните раководни лица се во координација за натамошните информации до јавноста и загрижените родители на децата кои учат во ова училиште.
Извор: Тв Нова

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ФФМ донесе одлука: ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без публика.

Дисциплинската комисија во рамки на ФФМ донесе одлука ФК Шкендија да биде казнета со играње на следните пет домашни натпревари без присуство на публика....

Ова не е несреќа, ова е убиство: Семејствата на настраданите повторно маршираа во Кочани

Ова не е несреќа, ова е убиство“, „Коруптивниот систем ги уби нашите деца“, „Стоп за селективна правда“ се дел од пораките на транспарентите кои...

Спасовски: Истрагата за Кочани мора да даде одговори и за пропустите на МВР

Најважно од сè е сега истрагата да ги даде одговорите на прашањата за трагедијата во Кочани и за утврдување на одговорноста. Главната одговорност треба...

Најниската плата во здравството се искачи на 27.000 денари, толку ќе земаат чистачите

Со линеарното зголемување од 2.500 денари најниската плата во здравство изнесува нешто над 27.000 денари, соопшти денес директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо...