3.9 C
Ohrid
сабота, ноември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаБеира Салифоска ја одбрани првата дипломска напишана на Брајово писмо кај нас.

Беира Салифоска ја одбрани првата дипломска напишана на Брајово писмо кај нас.

Решив да се запишам на факултет бидејќи првично сакав да се надградам себеси, да научам нешто повеќе, а притоа сакав да станам стручен едукатор за да можам да им помогнам на други лица со оштетен вид со моето лично искуство, со цел да им се подобри животот, вели Беира.
Беира Салифоска испишува историја кога се во прашање лицата со оштетен вид во Македонија. Таа неодамна ја одбрани првата дипломска работа испечатена со Брајово писмо во нашата земја. Беира дипломира на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ, а темата на нејзината дипломска беше „Предизвиците на лицата со оштетен вид за време на пандемијата на ковид-19“- пишува Факултети.Мк

– Брзо се одлучив за темата за дипломската со оглед на тоа што скоро беше пандемијата и тоа ме поттикна. Знаев приближно што сакам. Имав неколку теми на ум, но сепак се одлучив за „Предизвиците за лицата со оштетен вид за време на пандемијата“ бидејќи и јас бев една од тие лица што се соочуваа со тие предизвици. Тука спаѓаат контакти со заразени лица, излолации и слично и бидејќи живеев сама, сакав да истражам како тие лица се соочуваат со овие проблеми – вели Беира.

На одбраната на нејзиниот дипломски труд присуствуваше и претседателот Стево Пендаровскки, кој подоцна на својот официјален фејсбук-профил објави и јавна честитка.

– Честитки за Беира Салифовска за успешно одбранетиот дипломски труд. Нејзиното денешно дипломирање на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје е инспирација за многу други наши сограѓани, особено за лицата со оштетен вид, да ги остварат своите желби и соништа – стоеше во дел од пишаната порака на „Фејсбук“.

Професорите советуваа да имаме перспектива, а не да се запишеме на нешто што не можеме да го завршиме

Од седумгодишна возраст Беира живее во Скопје, откако раното детство го поминала во Пласница. Таа рана образовна фаза, вклучувајќи го подоцна и средното училиште, ја поминала во училиштето за деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“. Иако сега се занимава со нешто сосема друго, односно таа е физиотерапевт на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација во Скопје, додека растела имала голем интерес за уметноста, пред сѐ, драмската и музичката.

– Македонскиот јазик ме интересираше и отсекогаш сакав да учествувам во драмски секции. Имам завршено и нижо музичко, каде што шест години свирев на пијано. Нашите професори уште од основно училиште гледаа да имаме некаква перспектива во животот, а не да се запишеме на нешто што не ни одговара и не можеме да го завршиме. Ако не беше струката физиотерапевтски техничар, не знам што ќе се запишев. Многу размислував, но ете ја одбрав таа средно-здравствена струка каде што сметав дека имам перспектива – вели Беира.

Се запишав на факултет пет минути пред затворање на уписниот рок

По завршувањето на средното образование, Беира веднаш се вработила во Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација, каде што работи веќе 15 години. Дури по седум години од матурирањето таа се одлучила за упис на факултет, и тоа на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет.

– Се запишав на факултет пет минути пред затворањето на уписниот рок. Тогаш немаше приемен, туку со државната матура си влегов. На факултет се запишав подоцна, на 25-годишна возраст. Така се одлучив бидејќи по завршувањето на средното училиште не бев веќе во интернат и морав да живеам сама, а јас не познавав многу луѓе во надворешниот свет бидејќи кога живеете во интернат, тоа е еден затворен круг. Кога излегувате од интернатот, ви треба време да најдете нов круг на пријатели и да се снајдете. Се решив да се запишам на факултет бидејќи првично сакав да се надградам себеси, да научам нешто повеќе, а и притоа сакав да станам стручен едукатор за да можам да им помогнам на други лица со оштетен вид со моето лично искуство, со цел да им се подобри животот – додава Беира.
ЗА ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ТУКА-Факултети.Мк

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...