12.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаUncategorized @mk15 години затвор за мајката што ја продаваше ќерката за секс за...

15 години затвор за мајката што ја продаваше ќерката за секс за 2.000 денари

ема помала казна за мајката Налиље А. од Скопје, која си ја продаваше малолетната ќерка и ја присилуваше да дава сексуални услуги. Апелација одлучи да ги потврди 15-те години затвор. Ова значи дека се одбиени жалбите на мајката, која бараше помала казна, но и на Обвинителство, од каде што бараа поголема казна за направеното дело…

Потврдена е пресудата. Жалбите се одбиени“, велат од Апелација за „Макфакс“.

Жалби на првостепената пресуда имаше и од двете страни. Жалбата на мајката беше дека таа има признание на вина, а казната ѝ е високо одмерена. Обвинителството, пак, бараше поголема казна бидејќи противправните дејствија врз малолетното девојче траеле три години.

Мајката Налиље пред судот призна дека ја запознала ќерка си со поранешниот полицаец, па употребувајќи физичка сила, ја носела во неговата куќа и за паричен надомест од 2.000 денари, а понекогаш и за 500 денари, му овозможила да врши полови дејства со малолетничката.

Девојчето било малтретирано од двајцата родители. Таткото почина за време на судењата пред изрекувањето на пресудата од Кривичниот суд. По предметот е одлучено од Апелација за една година.

Претходно, Апелација ја намали казната на експолицаецот Александар Костовски обвинет за трговија со малолетничка и за силување на нејзиниот брат. Откако Костовски во Кривичен суд доби 18 години затвор, Апелација му намали две години и сега е осуден на 16 години затвор.
Извор: МакФах

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...

Абе дојдете кој сакате: Лидерот на Левица, фрли слушалки кон пратеник и се обиде физички да се пресмета

Малку фалеше да дојде до физичка пресметка помеѓу лидерот на Левица, Димитар Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денеска во Собранието. Апасиев најпрвин влезе во вербална...

Давкова: Ќе се сретнам утре со Шекеринска за да и честитам.

Дозволете, да Ве информирам дека утрово беше остварен телефонски разговор со госпоѓата Радмила Шекеринска-Јанковска. Во разговорот ѝ е упатена покана за средба со цел...