22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 9, 2025
ПочетнаМакедонијаЗатворениците од Идризово биле следени во чекор два месеци пред да се...

Затворениците од Идризово биле следени во чекор два месеци пред да се открие тунелот

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Пред два месеци Управата за извршување на санкции за прв пат добила информации дека во затворот Идризово се планира организирано бегство на затвореници, поради што била подигата безбедноста за да се дојде до подетални информации, соопштија попладнево од таму.

<

Било лоцирано потенцијалното место каде би можело да се наоѓа тунелот, во кругот на Затвореното одделение. Обезбедувањето било зајакнато во оваа точка. Во овој дел имало стари објекти од тврда градба кои биле вон употреба, поради што било потребно рушење. Бидејќи се работи за активност во вредност од над 1.000 евра, Управата морала да спроведе тендер и денеска рушењето започнало, а со тоа и бил откриен тунелот.

Од причина што се работи за стари објекти од тврда градба кои се вон употреба, по спроведена постапка за јавна набавка избрана е фирма со соодветна дејност за рушење на наведените објекти. Откако е постигната согласност со Министерството за внатрешни работи со свои сили да обезбеди асистенција при реализацијата, денес на ден 21.03.2023 година во 07.00 часот е пристапено кон рушење на детектираните објекти“, информираа од Управата.

При рушењето биле направени повеќе ископи во кругот на одделението и така бил откриен тунелот во должина од 50тина метри. Тунелот се протегал од објектите кои се рушат кон оградниот ѕид.

„По завршените планирани активности и реализираното рушење, во попладневните часови се на терен надлежните органи кои треба да ги истражат сите околности со цел да се утврдат сите факти до целосно расчистување на сите работи.. По добивање на подетални податоци кои можат да се споделат со јавноста, ќе бидете дополнително информирани“, велат од Управата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Мерко прогласен за невин за аудито вредно 67 илјади евра

Кривичниот суд во Струга го ослободи од обвинение актуелниот градоначалник на оваа општина, Рамиз Мерко, кој се гонеше за луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67...

Проширена истрагата за трагедијата во Кочани: Приведен е Александар Нацев од ВМРО-ДПМНЕ

Александар Нацев од ВМРО=ДПМНЕ е сопственикот во позадина на Агенцијата за обезбедување „Рубикон“ за кого е проширена истрагата на Јавното обвинителство за пожарот во...

Мицкоски до Умс: Вие сте генерацијата што ќе ја движи Македонија напред

Денес имаме битки кои мораме сами да ги водиме, и победи кои мора заеднички да ги издвојуваме. 30 години политичарите во Македонија никогаш отворено...

Претседателката Давкова се сретна со Макрон.

Задоволство беше, во присуство на францускиот претседател Емануел Макрон да бидам дел од церемонијата за отворање на Декадата за криосферските науки кои ги проучуваат...