16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаМаксим: Не знам кој Оливер ми е противкандидат – дали Спасовски или...

Максим: Не знам кој Оливер ми е противкандидат – дали Спасовски или Илиевски

Независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски во Утрински брифинг истакна дека не знае кој е неговиот против кандидат за Куманово, дали тоа е господинот Илиевски или господинот Спасовски, затоа што на прес-конференции Илиевски стои до Спасовски, а Спасовски зборува во името на Илиевски. Оливер на квадрат.

Можеби многу подобро ќе беше Спасовски да се одважи и да излезе во една ваква кандидатура и тогаш јавноста да каже кој за кого што мисли, каков капацитет има, на кому му верува кумановскиот народ и кумановските граѓани. Инаку, јас сум социјалдемократ по убедување, во таа партија сум од 1995 година и никој не може да ми го земе ниту убедувањето, ниту партијата во којашто јас сум се вградил. Партијата не е акционерско друштво или сопственост на поединци коишто во моментов ја менаџираат. Таа припаѓа на сите. Гласовите ние не ги носиме во џебот, граѓаните имаат право по сопствено убедување да одлучат на едни демократски избори. Тоа што се користат одредени структури во делот на централната власт насочена на локално ниво преку директори, полиции итн, мислам дека е бесмислено да се бараат списоци од луѓе и да се носат во 21 век. Тоа го правеа некои други луѓе во минатото. Кумановчани се слободоумни луѓе, темпераментни луѓе, се водат секогаш по сопственото убедување.

Притисоците во Куманово не поминуваат, а на 17-ти октомври ќе ја видиме вистинската волја и желба на кумановчани кој тоа сака да ги менаџира во следните 4 години. Јас знам дека имам капацитет заедно со мојот тим За наше Куманово да излезам и да го водам градот напред кон нови успеси, а тие цело време се повикуваат на владата. Ако сметаат дека владата треба да менаџира со градот, тогаш зошто да имаме децентрализација, тогаш нека дојдат па нека менаџираат“, потенцираше Димитриевски.

Скопје1

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...