22.9 C
Ohrid
понеделник, јуни 2, 2025
ПочетнаМакедонијаЏафери и Ковачевски ќе земаат плата околу 2.500 евра- Министрите по 1.800...

Џафери и Ковачевски ќе земаат плата околу 2.500 евра- Министрите по 1.800 евра со новата одлука на Уставен суд

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Зголемување на платите за неверојатни 78 отсто ќе добијат функционерите со новата одлука на Уставниот суд со која се укинуваат два члена на Законот за плата и надоместоци на функционерите. Со оваа одлука се отвора можноста уставните судии, премиерот, претседателот, собранискиот спикер, но и сите вршители на јавни функции да зимаат речиси двојно повисока плата, посочуваат од Синдикатот на управа, правосудни органи и здруженија на граѓани УПОЗ.

<

Според груба пресметка на УПОЗ, со оваа одлука на Уставен платата на претседателот ќе скокне од 93.000 денари, на 165.000 денари. Платите на премиерот, Димитар Ковачевски, и на претседателот на Собранието, Талат Џафери, ќе се зголемат на околу 2.500 евра. Платата на министрите, пак, ќе изнесува околу 1.800 евра.

Од УПОЗ појаснуваат дека со одлуката на Уставниот суд се укинува основицата од 26.000 денари за пресметување на платите на функционерите. Од сега основицата ќе изнесува колку просечна бруто плата, и таа сума ќе се множи со коефициентот.

„Просечната бруто плата за 2022 година е 47.700 денари. Кога ќе се помножи со коефицентот од член 12 од истиот закон, а почнуваат од 2.20 до 4.50, значи пресметано во денари или во евра, пратседателот, собранискиот спикер и премиерот ќе имаат плата од 2500 евра, министрите околу 1800 евра, другите фукнционери и судиите околу 1600 евра“, порачаа од УПОЗ.

78% повисока плата ќе добијат и сите заменици министри, градоначалници, директори во државни фирми и агенции. Меѓу оние кои ќе добијат повисока плата се и сите судии меѓу кои и тие од Уставниот суд кои практично со укинување на 2 члена од Законот за плати на функционерите го овозможија општото покачување.

Иницијативата е поднесена од адвокат од Скопје, а Уставен суд одлучил по иницијативата за само четири месеци, што е брзо ако се спореди ова со други иницијативи пред Уставен кои чекаат на одлука со години…

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Откако му беше пасошот вратен привремено, газдата на „Пуцко петрол“ замина на свадба во Истанбул

Асмир Јахоски, сопственикот на компанијата „Пуцко петрол“, кој до пред еден месец се наоѓаше во притвор во затворот во Шутка, вчера беше забележан во...

Стојанче: Се чуствувам како „мајстор којшто поправа расипани работи“

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов изјави дека очекува ДЗС и Центарот за управување со кризи да се обединат во...

Ексклузивно: Пејачката Марија Луиса доживеа тешка сообраќајна незгода, момeнтално е хоспитализирана

Како што дознава Шило Магазин од своите канали познатата пејачка Марија Луиса доживеала сериозна сообраќајна несреќа денес во Скопје. Според првичните информации, инцидентот се...

Две охриѓанки се кубеле за коси, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 31.05.2025 година во 18.35 часот, , на улицата „Винковачка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со карање и тепачка помеѓу Д.К.(63)...