14.2 C
Ohrid
среда, јуни 4, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија нема да пропадне од 3.000 Бугари во Уставот, вели Пендаровски

Македонија нема да пропадне од 3.000 Бугари во Уставот, вели Пендаровски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Нема да пропадне државата ако ги вметнеме Бугарите во Уставот кои на број се нешто над три илјади луѓе. Македонската сувереност нема да се загрози, ниту пак европскиот пат ако се направи овој чекор“, рече шефот на државата Стево Пендаровски на заедничката прес конференција со австрискиот претседател Александер Ван дер Белен кој е во посета на Македонија.

<

Пендаровски порача дека за да се достигне потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е потребно да се разговара со опозицијата.

„Ако опозицијата реши да не учествува ниту на експертско, ниту на политичко ниво, бескорисно ќе биде јас да се понудам за решавање на проблемот. Можам само да ја повикам опозицијата да учествува и можам да потсетам дека всушност зборуваме за прашања кои сме ги решиле пред дваесетина години со формулација ‘делови од народ’“, рече Пендаровски.

На прашање од новинарка од Радио Австрија за условувањата од Бугарија во врска со македонската евроинтеграција и дали е можно да се добијат и нови условувања со нови прашања, Пендаровски рече:

„Условите кои последниве две години ни ги поставува Бугарија никој не можеше да ги предвиди ниту во Брисел ниту тука. Затоа што во 2017-19 година, кога правевме уставни измени и променивме име, беше ветено дека нови барања нема да има. Во тој консензус беше и Бугарија.

Нашето референдумско прашање беше дали да се додаде Северна во името за да станеме членка на НАТО и да почнеме преговори со ЕУ.

Верувавме дека нови барања нема да има“ – рече Пендаровски според кој граѓаните оправдано прашуваат дали ќе има и нови барања од друга или од истата земја и доколку ги направиме уставните измени.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Почина Јошка Броз, внукот на Јосип Броз Тито

Јосип Јошка Броз, внук на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, почина на 78-годишна возраст. Тој беше член на Главниот одбор на Социјалистичката...

Панче: Најдобрите студенти ќе се запослат во МВР.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска се обрати на одбележување на 50 години од формирањето и дејствувањето на Институтот за безбедност, одбрана и...

Превентивни активности на СВР Охрид.

Превентивни активности на СВР Охрид СВР Охрид во соработка со општинскиот Совет за превенција на детско престапништво, и секторот за комунални дејности, сообраќај и улици...

Мајката на исчезнатата Марија Брзакова по која се трага од 2020 г. ја кажа вистината за нејзината ќерка по повеќе од 5 години

Мајката на исчезнатата Марија за „Фокус“:   Марија Брзакова, родена на 5-ти април 1991 година, исчезната на 18-ти јануари 2020 година во село Босилово, Струмица. Тоа...