8.9 C
Ohrid
петок, ноември 22, 2024
ПочетнаМакедонијаЗакани по живот јавно се упатуваат кон децата на Мицкоски- Надлежните органи...

Закани по живот јавно се упатуваат кон децата на Мицкоски- Надлежните органи молчат

Да бидеш мирен, доколку ти е мила фамилијата или ќе ги најдеш децата твои фрлени во некој ендек како кучиња“ – ова се дел од заканите по живот упатени кон лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски и кон неговото семејство. Од профили со имиња Роберт Типчето и Роберт Тркалај, се објавени фотографии од Мицкоски, а под нив се напишани заканите кон неговото семејство. Од МВР не ни одговорија на прашањето дали и како ќе постапат.

Доколку детално се прочешлаат профилите може да се види дека станува збор за голем поддржувач на премиерот Димитар Ковачевски како и на власта. Постојано споделува негови постови на Фејсбук, а во меѓувреме упатува закани по животот на децата на лидерот на најголемата партија во земјава.

Од ВМРО ДПМНЕ остро реагираат за заканите. Од партијата потенцираат дека заканите ниту ќе го исплашат ВМРО-ДПМНЕ, ниту ќе го замолкнат, а уште помалку ќе го поколебаат.

“Закани по животот на децата на Мицкоски во ситуација кога тој посочува на притисоци, МВР на Оливер Спасовски молчи, невладините оние до владата никаде ги нема. СДС се исплашени и нервозни, губат поддршка кај јавноста, притиснати од скандали применуваат кон закани и заплашувања” – изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Инаку, ова не е прв пат Мицкоски да биде мета на животни закани. А што се однесува до лицето кое ги упати заканите, истиот човек во изборната кампања му се закануваше на кандидатот за гадоначалник на Прилеп Борче Јовечевски со истата порака „ќе си го најдеш и помалиот син во ендек фрлен како куче“. Извор: Алфа- пишува Ања Лукарова

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Давкова ја прими Радмила Шекеринска, новата заменик-генерална секретарка на НАТО

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Радмила Шекеринска за да ѝ го честита изборот на функцијата заменик-генерална секретарка на НАТО. За обете важната функција...

ЈСП доби нафта, скопјани заборавија дека има протест

Со транспарент во дворот на Град Скопје на кој пишува „500 милиони денари се должат на ЈСП од влада за бесплатен студентски превоз” со...

При ископини пронајдени темели од црква: Јени џамија во Битола ќе претставува Музеј на христијанската и муслиманската култура.

По долги години ископувања и реставрација, повторно e отворена за посетители Јени џамија во центарот на Битола која ќе претставува Музеј на христијанската и...

Приведени пет лица во Тетово – Одземени 450 грама марихуана

Во Тетово на 19.11.2024 околу 18 часот на улица „Ван Вардарска“ полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода Н.С.(23), Л.Р.(23), М.З.(18), С.И.(27)...