6.8 C
Ohrid
вторник, ноември 26, 2024
ПочетнаМакедонијаНикола Ѓурѓај: Бугарите со голема сума пари сакаат да ги претопат Македонците...

Никола Ѓурѓај: Бугарите со голема сума пари сакаат да ги претопат Македонците во Албанија и да ги прават Бугари !!!

Никола Ѓурѓај интервју за lokalno.mk

Македонското друштво „Илинден“-Тиранa секоја година поднесува проект. Кога Министерството за Култура на Албанија објавува повик ние редовно поднесуваме пријава, а проектите се во сферата на културата како што две фоклорни фестивали беа подржани и ние сме благодарни на таа подршка и бараме да биде во контунитет бидеќи така можиме да зачуваме културата, обичајте и да ги пренесиме на новите генерации Македонци овде, вели во разговор за „Локално“, претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај, откако вчера беше соопштено дека албанското министерство не го прифатило нивниот единствен проект.

Според него, рекцијата од македонското друштво „Илинден“-Тиранa беше за повикот бидејќи, како што вели, со поддршка на тамошното министерство, можат да ја чуваат нашата традиција, а со одбивање на проектите немаат можност да ги одржат активностите за зачувување на македонската култура во Република Албанија.

Порачува дека „Илинден“-Тирана ја поздравува албанската министерка за надворешни работи и европа Ољта Џачка, кој што што јавно призна дека има обиди за „побугарчување“ на Македонци во Република Албанија и ја повикува да презема мерки на таквите обиди од Бугарија.

-Во Албанија нема Бугари, тоа е историски факт од кој нема бегање, а тоа е и нашиот став. Јасен и видлив е напорот на Софија да создаде вештачко бугарско малцинство, преку асимилација на Македонците во Преспа, Голо Брдо, Гора и Врбник. Бугарија се обидува на сите можни начини да изврши тивка асимилација на македонското национално малцинство во Република Албанија. Тоа се врши на многу нивоа и преку многу институции. Јадрото на сите антимакедонски дејствувања и замајувањето на меѓународната јавност за Бугари во Албанија е бугарската амбасада во Тирана. Оттаму се инструираат бугарски платеници и македонски изроди, преку кои во континуитет се реализира антимакедонска кампања во Република Албанија. Начините се многубројни и секогаш вклучуваат голема сума материјални средства или ветувања за експресно давање бугарски пасоши. Тие пасоши Македонците ги гледаат како пасош за спас од немаштијата во Република Албанија и ништо повеќе, информира Ѓурѓај.

Сепак според него, очигледно е дека поради последните тензии на Македонија и Бугарија, поради блокадите на Софија за спречување на почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, кампањата се зголемува и добива интензитет.

-Софија постојано работи Македонците во Албанија да ги прикаже како Бугари. Но Софија мора да знае дека Македонците во Република Албанија се само Македонци. Македонското друштво „Илинден“-Тирана го изразува своето жалење затоа што официјална Софија ја продолжува својата антимакедонска пропаганда меѓу Македонците во областа Гора, Република Албанија, и во Република Косово, обидувајќи се да ги претстави како Бугари. Македонското друштво „Илинден“-Тирана многупати досега се залагаше за вистината, според која Македонците во Република Албанија се неотуѓив и нераскинлив дел од македонскиот народ! Го потсетуваме бугарското раководство дека македонската нација е историски факт и дека нам не ни треба одобрение од други држави за да се изјасниме дека сме тоа што сме, дециден е соговорникот.

Тој додава дека се во комуникација со сите државни институции на Албанија и бараат да се вклучат и да прекине „побугарчувањето“.

-Нормално дека татковината Македонија ѝ помага на Македонците во Албанија, но тоа не е доволно и апелираме до сите државни институции, како и невладиниот сектор да помогне. Секоја помош е добродојдена, апелира Ѓурѓај.

На прашањето кои се најголемите проблеми со кои се соочуваат денеска Македонците во Албанија, претседателот на „Илинден“-Тирана вели дека секогаш постојат проблеми, почнувајќи од економски и социјални.

-Слободно можеме да кажеме дека за Македонците во Албанија најголем проблем е немањето право на образование на македонски мајчин јазик во областите Голо Брдо и Гора, како и во поголемите градови, како Тирана, Елбасан, Корча, Билиште, Поградец. За жал, само во Мала Преспа македонските деца учат на мајчин јазик, и тоа само во основно и средно образование. Уште еден хендикеп за македонските ученици е тоа што во Тирана не функционира лекторатот по македонски јазик, кој беше еден вид замена за високо образование на младите Македонци во Република Албанија. Воочувајќи го ова како голем проблем за Македонците во Албанија, поднесовме иницијатива за реактивирање на лекторатот по македонски јазик во Тирана. Друг голем проблем за Македонците во Голо Брдо е работното време на граничниот премин Џепиште – Требиште, кој беше отворен во мај 2013 година. Владите на Република Македонија и на Република Албанија, на заедничката седница одржана во Поградец, на 15 декември 2017 година, донесоа одлука граничниот премин Џепиште – Требиште да работи 24 часа. И покрај тоа, оттогаш до денес преминот не работи 24 часа, туку со редуцирано работно време. Во неколку наврати, ние како друштво баравме овој граничен премин да работи постојано заради потребите на граѓаните од двете страни на границата, но досега нема позитивно решение за проблемот, посочува Ѓурѓај.

Покрај тоа, додава тој, голем проблем за Македонците во областите Голо Брдо, Гора и Мала Преспа претставува патната инфраструктура, што е главна причина за слабиот економски развој на овие области населени со македонско население.

-Во катастрофална состојба е и здравствената заштита во населените места, бидејќи или нема објекти за таа намена или се во исклучително лоша состојба. Македонците од областа Голо Брдо имаат големи проблеми поради тоа што во 2014 година Владата на Република Албанија ги укина општините Требиште, Острени и Стеблево, за првите две да ги приклучи кон општината Булќиза. Укинати се и општините Шиштевац и Запот во областа Гора, кои сега се приклучени кон општината Кукс. На тој начин, единствена македонска општина во Република Албанија остана општината Пустец во областа Преспа. И покрај сите барања и аргументи на претставниците на македонската заедница во укинатите општини во 2014 година, индивидуални или преку македонското друштво „Илинден“-Тирана и македонското друштво „Илинден“-разгранок Голо Брдо за формирање на општините Голо Брдо и Гора, Владата на Република Албанија се оглуши, ни рече Ѓурѓај.

ЛОКАЛНО.МК

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Раде Штекли нуди работа, плата 3000 евра !!!

Изминатиов период Раде Штекли ја разбранува јавноста откако врз него три пати беше извршен обид за ликвидација. Овој пат Раде нуди 3000 евра плата за...

Посмртните останки на Митрополитот Тимотеј ќе бидат изложени за проштално збогум во храмот на Свети Климент Охридски на Плаошник

Со болка во срцата и со искрено сочувство, ја известуваме јавноста дека денеска, 25.11.2024, на споменот на Светиот Јован Милостив, се упокои во Господа...

Писмо со сочувство од градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод упокојувањето на владиката Тимотеј

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска испрати писмо со сочувство до Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија и до правосвештенството по повод...

Драма во Гевгелија: Шоферот на Брзата помош го претепал лекарот !!

Во Полициската станица Гевгелија, вчера попладне Р.Ц.(36), лекар во Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека околу 12.00 часот во Медицински центар Гевгелија бил физички...